Стартува викенд откупот на тутун
Објавено во: Агробизнис
01 Февруари, 2014 10:59
Добивај вести на Viber
Oд денеска откупот на тутун ќе се реализира и за време на викендите, се со цел интензивирање на откупот на тутунот, а согласно разговорите кои во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се одвиваа неделава со сите компании кои вршат откуп на тутун и во согласност со Законот за тутун и тутунски производи.
Ова беше барање од страна на тутунопроизводителите, кое преку Министерството за земјоделство е препорачано на откупувачите и е прифатено.
Од Тутунскиот комбинат Прилеп информираат дека ќе ја почитуваат препораката на Министерството и денеска на сите откупни пунктови ќе се реализира откуп на тутун, а темпото ќе продолжи и во наредните денови. И останатите компании прифатија да вршат откуп за време на викендите.
Со оваа мерка се очекува интензивирање и порано завршување на откупот на тутун.
МЗШВ информира дека и во наредните денови ќе ја следат состојбата со откупот, апелирајќи притоа до откупувачите за реална проценка на тутунот, согласно законските правила и утврдените мостри. Досега се откупени околу 18 милиони килограми тутун.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?