Стартуваа бесплатните обуки за вработување на млади лица
Објавено во: Економија 27 Мај, 2013
Бесплатни обуки од денеска посетуваат млади лица на возраст од 18 до 30 години, преку кои треба да ги подобрат бизнис вештините за да можат да се вработат.
Обуките се составени од теоретски и практичен дел, а ги организира Министерството за економија во соработка со приватниот сектор и универзитите. Преку предавања од еминентни професори и успешни менаџери, како и посети на компании, младите треба да се стекнат со практични знаења и вештини за вербална, невербална и писмена комуникација. Целта е да научат да ги идентификуваат можните работодавачи, да подготват квалитетна биографија за работа и да остварат успешно интервју за работа.
На стартот на обуките во просториите не Универзитетот на Југоисточна Европа министерот за економија Ваљон Сарачини истакна дека обуките се спроведуваат за да се подобрат практичните знаења на младите, што ќе им го олесни пристапот до пазарот на трудот.
- Имајќи го предвид извештајот на ЕК каде е нотирано дека работната сила во Република Македонија има добри теоретски знаења, но недостиг во практичниот дел, ова е навистина добра можност да го подбрите практичното знаење. Ќе имате можност за посета на компании, симулирање вистинско претпријатие и дискусии со високиот менаџмент на компаниите, со можност да поставите прашања, рече Сарачини во обраќањето пред посетителите на обуките.
Според него, младите не треба да гледаат на јавната администрација како на најдобро место за вработување затоа што, како што рече, таквото вработување не дозволувало да бидат креативни и ќе имале фиксно работно време и обврски со документација и административни процедури.
- Практичното знаење ќе ви помогне да бидете добри и успешни претприемачи, ќе го поттикне претприемничкиот дух кај вас, а со тоа да се обидете да создадете ново работно место. Со тоа вие ќе креирате и нови работни места за луѓето кои би ги вработиле во иднина. Токму тоа е целта на предавањата. Се надевам дека ќе помогнеме да најдете работа и вашата идеја да ја претворите во добар бизнис план и да отворите бизнис, наведе Сарачини.
Младите што ќе ги посетат обуки ќе добијат признание од Министерството за економија и Универзитетот на ЈИЕ и ќе добиваат редовни информации за тековните конкурси за вработување.
На објавувањето на проектот за обуките пред еден месец наделжните институции информираа дека во Македонија се во тек огласи за 3.000 вработувања.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.