05 Декември, 2025
0.0332

Статусот на тезгаџиите да се решава со закон за зелените пазари

Објавено во: Агробизнис 07 Мај, 2013 13:45

Добивај вести на Viber

Итно да се донесе законот за трговија на зелените пазари, бараат организаторите на пазарите. Со тоа, велат, ќе се реши статусот на тезгаџиите, тие ќе се самовработат и ќе си го регулираат пензиското и здравственото осигурување. Воедно ќе се надмине проблемот со дивите продавачи кои не се во, туку најчесто надвор или околу пазарите.

- Зелените пазари се мотор за локалната економија и земјоделското претприемништво. Освен што овозможуваат продажба на свежа храна за разлика од маркетите кои главно нудат доработени и замрзнати производи, имаат и културно и туристичко значење, рече денеска претседателот на Групацијата за пазари при Стопанската комора Благој Дивитаров.

Дивитаров на прес-конференција посочи дека во Македонија има околу 20.000 тезги што, според него, воопшто не е мала бројка. Од дивите продавачи, пак, државата годишно губи 700.000 до 800.000 евра.

По основ на паушалниот данок што го плаќаат тезгаџиите кон Управата за јавни приходи, во Буџетот се слеваат околу 1,5 милион евра. Дополнително, и организаторите на пазарите по основ на ДДВ, придонеси за вработените и други давачки, уплатуваат повеќе милиони евра. Оттука, вкупниот приход во државната каса од работата на пазарите е 5 - 6 милиони евра.

Согласно предлог законот, пазарџиите наместо лиценци, ќе добиваат решенија по принцип на регистрирање. Лицата, пак, кои произведуваат помали количини овошје и зеленчук во домашни услови, а вишокот го продаваат на пазарите, тоа ќе може и натаму да го прават, но со претходно склучени дневни договори за период од најмногу еден или два месеца.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?