Ставрески: Буџетот е реален, а половина од долговите кон стопанството се исплатени!
Објавено во: Економија 11 Ноември, 2012 14:51
- Со крајот на октомври, над половина од обврските се веќе исплатени, како по основ на поврат на ДДВ, така и по основ на налози за градежни, комунални и други услуги. Динамиката на исплата ќе продолжи со вакво темпо и заклучно со февруари 2013 година, ќе го исполниме ветувањето кон бизнис-заедницата за комплетно расчистување на обврските, вели Ставрески.
Владата, укажува, воспоставила систем, со конкретни инструкции и до државните институции и до корисниците на буџетските средства за тоа како ќе тече исплатата за да не дојде до повторно акумулирање долгови. - Да, има системски промени и во тој дел е променето трезорското упатство. На буџетските корисници им се дадени инструкции планирањето на средствата да биде во согласност со обезбедениот буџет за следната година, да не се планираат проекти кои го надминуваат тој буџет. Буџетот и трезорот стриктно нема да примаат налози за плаќања доколку тие не се испланирани и не се во дадените рамки. Тоа се системски мерки што ги презедовме. Очекувам во иднина врз база на направените системски промени редовно да ги извршуваме обврските. Треба да се знае дека Македонија е прва земја во регионот што го реши овој проблем и земја со најмал проблем на акумулирани обврски. Кај другите земји, согласно со информациите што ги имаме, проблемот е поголем, а не е ниту почнато да се решава, посочува вицепремиерот Ставрески во интервјуто.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното
ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката
ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата
РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија
ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје
КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала
АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“
Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември





