Добивај вести на Viber
Министерот за финансии Зоран Ставрески денеска ќе ги врачи клучевите од станот добиен на наградната игра „Фискална во рака - награда без мака“.
Во првото извлекување од наградната игра, најголемата награда - стан во Скопје ја доби Трајко Кузмановски од Куманово. Станот е лоциран на улицата „Трета Македонска Бригада“ во Скопје.
Оваа наградна игра ќе има вкупно 13 извлекувања. Во две од нив повторно највисоките награди ќе бидат стан и дуќан, а во останатите - автомобили. Следното извлекување е веќе в понеделник.