Добивај вести на Viber
Стечајното рочиште за велешката тулана „Киро Ќучук“ денеска беше одложено со образложение дека стечајниот управник, Ацо Петров не успеал да ги е најдат домашните адреси на дел од вработение кои треба да ги достават своите побарувања од фабриката.
Вработените во неколку наврати посочија дека се сомневаат во тежок криминал кој се случува во туланата и се надеваат дека конечно ќе профункционира правната држава и ќе ги казни оние кои ја уништија фабриката. Работниците со години немаат земено плата.
Според побарувањата има побарувања од над 11 милиони евра , а најголем дел од стечајната маса треба да ја добие државата.
Новото рочиште е закажано во септември.