Стечајот над Еуростандард ќе го води Душко Тодевски, кој го водеше и стечајот на Експорт-импорт банката
Објавено во: Економија 17 Август, 2020 11:59
Се огласи судот преку кој ќе се води стечајната постапка на Еуростандардс банка, информирајќи дека е отворен стечај врз банката во петокот минатата недела.
Стечајот ќе го води стечаен управник Душко Тодевски, а првото рочиште за утврдување на долговирте на банката ќе се одржи на 10 октомври годинава.
„Поради поголемата заинтересирност на медиумите во врска со предметот СТ – 123/20, Ве известуваме дека со Решение СТ–123/20 од14.08.2020 година на овој суд е усвоен предлогот за отварање на стечајна постапка над должникот Еуростандард банка АД Скопје и за стечаен управник е определен Душко Тодевски од Скопје.
По предметот СТ-123/20 е закажано рочиште за испитување и утврдување на пријавените побарувања и извештајно собрание на доверители на ден 08.10.2020 година, во 13 часот, во судница II, I кат.“, велат од судот.
Инаку, пребарувањето покажува дека во април 2018 година Душко Тодевски бил назначен за стечаен управник на Експорт импорт банката на Методија Смиленски, на која и беше одземена дозволата за работа.
Претходно имало друг стечаен упреавник на Експорт импорт банката, а Тодевски дошол на негово место.
Н.Н.Ф.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија
Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?





