07 Октомври, 2024
0.0852

Стеjт департментoт задоволен што Македонија се приклучила на акцијата против Русија

Објавено во: Македонија 31 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Американскиот Стеjт департмент во изјава за МИА денеска укажа дека САД се горди што Македонија се приклучи на заедничката американско-европска акција против Русија за неодговорното однесување.

Македонија завчера протера еден руски разузнавач и стана дел од акцијата на САД, Канада и дваесет други европски земји во која беа протерани вкупно 139 руски дипломати и разузнавачи од тие земји како одговор на нападот со отровен нервен агенс во Солсбери, Велика Броитанија.

– Јасно демонстриравме дека сме солидарни со Велика Британија и испративме јасна порака дека со своето неодговорно однесување Русија плаќа висока цена. Продолжуваме да се координираме со партнерите и сојузниците, а оние кои се уште не го сториле тоа ги охрабруваме да преземат мерки за испраќање на слична порака до Русија, се вели во изјавата.

На прашање на дописникот на МИА од Вашингтон дали сојузниците како САД, Германија, Франција или Велика Британија и гарантираат на Македонија одбрана од секоја можна идна уцена или закана од страна на Русија во однос на членството на Македонја во НАТО, официјално лице од Стејт департментот посочи дека САД нема да шпекулираат во однос на идните акции на соујзниците.

– Уште еднаш нагласувам, демонстриравме дека Русија плаќа висока цена за своето неодговорно однесување насекаде низ светот, изјавија од Стејт департментот.


Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил