20 Мај, 2024
0.0416

Стевчо Јакимовски: ДУИ и Талат Џафери му се одмаздуваат на СДСМ и Заев

Објавено во: Македонија 14 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, тврди дека спикерот на Собранието, Талат Џафери, не сака да одреди нов датум за предвремените парламентарни избори затоа што ДУИ во моментов му се реваншира на СДСМ поради тоа што, како што вели тој, овие не сакаат да коалицираат со нив во евентуалната следна Влада.

„Не знам што очекува Заев и СДСМ од ДУИ во ваква ситуација кога веќе се гледаат низ нишан. СДСМ направи коалиција со БЕСА а на Ахмети му порачаа дека би било многу здраво за него да оди во опозиција.
Дури сега сезнајкото од Струмица ќе дознае „како муса дере јарца“, односно сега ДУИ ќе му врати со сета жестина. Веќе му врати преку Уставниот суд со поништување на уредбите на владата, со одлуката да не може собранието да се свика повторно а еве сега почнуваат да го печат на тивко со датумот за избори. Затоа денес Талат ги упати на консензус. Односно повторно ДУИ става до знаење дека ни една крупна одлука не може да се донесе без нив. Ако во 2015, 2016 и 2017 година по изборот на малцинската влада го закопаа Никола Груевски сега ДУИ истото ќе му го направи и на Заев, зошто има помалку причини за обзири кон СДСМ во однос на ВМРО ДПМНЕ“, напиша меѓудругото поранешниот градоначалник на Карпош на својот профил на Фејсбук.

Според Јакимовски, а како што и самиот Џафери најави денеска, ќе се чека договор помеѓу претседателите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ - Зоран Заев и Христијан Мицкоски. Денеска Мицкоски, иако е истечена вонредната состојба и роковите за избори продолжуваат, рече дека не ги прифаќа предозите на Заев за избори на 5, односно 8 јули, а како што вели Јакимовски, Заев и СДСМ се спремни за избори и без ВМРО-ДПМНЕ, но затоа пак Оливер Дерковски, претседателот на ДИк од редовите на опозицијата, не им се јавува на останатите членови на комисијата и не свикува седница.

Можеби ќе ве интересира

„Битно е процесот да биде демократски и да се заврши се како што треба“: Јаулески од ВМРО смета дека ќе добијат уште еден пратеник

„Битно е процесот да биде демократски и да се заврши се како што треба“: Јаулески од ВМРО смета дека ќе добијат уште еден пратеник

„ДУИ да се спремаат за мирна, цивилизирана транзиција како во секоја европска држава“: Милошоски вели „време е да заминат во опозиција“

„ДУИ да се спремаат за мирна, цивилизирана транзиција како во секоја европска држава“: Милошоски вели „време е да заминат во опозиција“

„ПРОБАВ ДА ВЛЕЗАМ ВО СОБРАНИЕТО. И НЕ УСПЕАВ“: професорката Најчевска ја напушта „Твоја партија“, еве што порача

„ПРОБАВ ДА ВЛЕЗАМ ВО СОБРАНИЕТО. И НЕ УСПЕАВ“: професорката Најчевска ја напушта „Твоја партија“, еве што порача

АВМУ: Изборен молк поради прегласување за Парламентарните избори 2024

АВМУ: Изборен молк поради прегласување за Парламентарните избори 2024

СУДИЈА ОД ВРХОВЕН СУД ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - фатен во моментот кога добивал мито

СУДИЈА ОД ВРХОВЕН СУД ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - фатен во моментот кога добивал мито

МИЈАЛКОВ ОД ЧЕТВРТОК НА СЛОБОДА: Апелациониот суд го ослободува, под услов да не стори ново дело

МИЈАЛКОВ ОД ЧЕТВРТОК НА СЛОБОДА: Апелациониот суд го ослободува, под услов да не стори ново дело

Започна со работа новото училиште во Визбегово, се запишуваат првооделенците

Започна со работа новото училиште во Визбегово, се запишуваат првооделенците

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат

„АХМЕТИ СИ ЗНАЕ КАКО ГИ ДОБИЛ МАНДАТИТЕ“: Касами за изјавата на лидерот на ДУИ дека прегласувањето ќе донесе меѓуетнички тензии

„АХМЕТИ СИ ЗНАЕ КАКО ГИ ДОБИЛ МАНДАТИТЕ“: Касами за изјавата на лидерот на ДУИ дека прегласувањето ќе донесе меѓуетнички тензии