Стевкова - Штериева останува во Надзорниот одбор на КБ Прво Пензиско друштво, еве кој е нов член
Објавено во: Финансии 09 Јули, 2025 13:40
КБ Прво пензиско друштво АД Скопје ја информира јавноста за извршени промени во составот на Надзорниот одбор на друштвото.
- Со Решение на Централниот регистар на Република Северна Македонија од 07.07.2025 година, извршен е упис на реизбор на Маја Стевкова-Штериева за член на Надзорниот одбор на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, со мандат од 07.07.2025 година.
Истовремено, извршен е и упис на Рок Папич како нов независен член на Надзорниот одбор, исто така со мандат од 07.07.2025 година.
Со истото решение, избришан е претходниот независен член на Надзорниот одбор, Миран Ковач, чиј мандат заврши на 06.07.2025 година.
Уписот на овие промени е извршен врз основа на Записник од собрание на акционери – Нотарски акт ОДУ бр. 275/25 од 28.03.2025 година од нотар Анита Адамческа од Скопје, како и врз основа на Решенијата на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС бр. 14-523/5 и 14-525/7 од 29.05.2025 година, со кои се одобрува реизборот на член и изборот на нов независен член на Надзорниот одбор на друштвото - се наведува во објавата поставена на веб странта на Македонска берза.
Инаку Маја Стевкова-Штериева е претседателка на Македонската банкарска асоцијација (МБА), но и Главен финансов директор и Член на Управниот одбор на Комерцијална банка.КБ Прво пензиско друштво на нашиот пазар опстојува веќе две децении.
Можеби ќе ве интересира
ДЕПОЗИТИТЕ ПОРАСНАЛЕ ЗА 11 ПРОЦЕНТИ, КРЕДИТИТЕ ЗА 12,7 ОТСТО - станбените кредити најбарани
ДРЖАВНА ИНСТИТУЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ ЗА ПЛАТИ КОИ ДОСТИГНУВААТ ОКОЛУ 70 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ – еве кои профили се бараат
АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години
АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО
СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници
Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто
Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра




