19 Декември, 2025
0.0600

Стигматизирањето на пушењето не помогна. Дали има решение?

Објавено во: Мои пари 24 Февруари, 2023 11:39

Добивај вести на Viber

Иако пушењето е неспорно порок, повеќето пушачи не мислат така и не мислат дека е тоа навика од која треба да се срамат. Тие се свесни дека овој избор е поризичен од многу други што ги направиле во животот, но не сакаат, не можат или нема да престанат. Затоа, најчесто се игнорира едноставната команда „стоп“, од каде ѝ да доаѓа.

Клајв Бејтс, активист за намалување на штетите од пушењето, смета дека графичките предупредувања на цигарите не се ништо повеќе од форма на стигматизација. Во врска со идејата за ставање предупредувања на поединечни цигари, тој напиша дека тоа е „во основа стигматизирачка мерка дизајнирана да ги натера пушачите да се чувствуваат глупави“. И тоа не вроди со плод на начин на кој се очекуваше.

Покрај „престани“, стратегијата за борба против пушењето треба да го содржи и принципот „промени“. А тоа значи да се замени навиката за пушење со помалку штетн и наместо цигари, на пушачите да им се даде пристап до точни, научно докажани информации за подобри и побезбедни алтернативи.

Постои критична разлика помеѓу споделувањето точни информации и ресурси за поттикнување  на луѓето да се однесуваат побезбедно во споредба со обидот да се срамат или исплашат за да го променат своето однесување. Намалувањето на штетноста се однесува на спасување животи, но подеднакво и на посредување – охрабрување на луѓето да ги направат своите најдобри избори.

Во овој поглед, многу е важно луѓето да знаат дека главниот проблем кај пушењето е чадот од тутунот, а не никотинот како што многумина мислат. Вистина е дека никотинот предизвикува зависност и не е без ризици, но докажано е дека оваа супстанца не е главниот виновник за болестите поврзани со пушењето. Тоа е чадот што се создава при палење цигара затоа што содржи повеќе од шест илјади супстанции, од кои околу 100 се означени како штетни или потенцијално штетни од јавните здравствени установи. Поради ова, алтернативите без чад базирани на наука се подобар избор за возрасните пушачи отколку да продолжат да пушат цигари, но тие секако не се без ризик бидејќи ослободуваат никотин кој предизвикува зависност.

Сите знаеме дека долгорочното пушење носи сериозни ризици, но возрасните кои пушат не треба да ги штитиме од сопственото незнаење, бидејќи тие не се неуки. Она каде што многу авторитети беа страшно дезинформирани е релативната безбедност на другите методи на конзсмирање никотин, кои многу луѓе кои ги пробуваат ги претпочитаат во однос на пушењето. Многумина сакаат да бидат слободни да направат избор. Затоа,наместо стигма,нѝ треба отворена и неограничена дискусија.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии