Стигна осуда за прислушувањето
Објавено во: Македонија 30 Ноември, 2018 17:48
Стигна осуда за прислушувањето на обвинителите.
Демократскиот сојуз најостро го осудува неовластеното прислушување на Јавното обвинителство, државен орган кој ги открива и гони сторителите на кривични дела, информираа од партијата.
„Демократскиот сојуз бара енергична и ефикасна истрага, при што инволвираните во овој скандал мораат да понесат одговорност. ДС подолго време предупредува дека има информации кои укажуваат на тоа дека постојат паралени системи за прислушување и дека се врши прислушување надвор од овластените институции (МВР, ЈО, СУДОВИТЕ итн.). Овие системи се инсталирани пред промената на власта и информациите од истите најверојатно се користат од криминално-политичкото подземје“ – констатира ДС.
Бараат МВР согласно надлежностите и во соработка со другите институции да ги преземе сите законски мерки за да се заштитат институциите и граѓаните од неовластено прислушкување и сајбер нападите.
Обвинителите во скопското обвинителство со години биле прислушувани, а осуди по оваа вест стигнаа од Владата од каде велат дека ваквите појави се рецидив од минатото и пракса на минатите владејачки недемократски структури.
Владиниот портпарол Миле Бошњаковски изјави дека Владата очекува институциите со полн капацитет да се посветат на истрагата, да се расчисти настанот и јавноста да биде веднаш и целосно информирана.
Државниот обвинител Љубомир Јовески на брифинг со новинарите објави дека откриле дека во склоп на телефонската централа имало два хард диска на кои се снимени телефонски разговори направени преку фиксните телфони во обвинителството од 30 септември 2016 година па до сега.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




