05 Декември, 2025
0.0683

Стигна плата, лекарите што штрајкуваа земаа во просек по 10 илјади денари за ноември!

Објавено во: Економија 13 Декември, 2012 20:04

Добивај вести на Viber

Ноевриските плати стигнаа на сметките и на лекарите специјалисти од повеќето клиники. Платите за ноември биле неколкукратно намалени, од 8 па до 16 илјади денари во просек земал секој од овие лекари. Од Синдикатот велат дека се незадоволни од ваквата состојба, тие штрајкувале на работните места, не отсуствувале од работа, оделе на сите дежурства и во смени, па затоа бараат и да бидат платени согласно заработеното. За оние кои ги приморувле лекарите да потпишат изјави дека не штрајкуваат за да земат плата, се најавуваат судски тужби. „Незаконски е такви ливчиња да бидат основа за пресметување на плата“ вели Дејан Ставриќ од самостојниот синдикат на клиничкиот центар Според, него  ова е целосно незаконски затоа што лекарите работеле нормално половина месец, а потоа почнале да штрајкуваат, односно штрајкот и официјално започна на 14-ти ноември. „Освен тоа штрајкот се одвива во прва смена, останатите две смени и 24-часовното дежурство треба да биде нормално платено, а тоа според сознанијата не е испочитувано“, додава Ставриќ. Лекарите спрецијалисти и по еден месец штрајк сеуште не се откажуваат од барањата. Велат, остануваме на штрајк се додека не се постигне договор за корекција на моделот за исплата на платите по учинок.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката