СТИГНАА ПРЕПОРАКИТЕ: Ама и тие не ќе можат да не спасат од загадениот воздух
Објавено во: Македонија 04 Декември, 2018 12:08
Министерството за животна средина и просторно планирање упатува препораки до населението поради енормното загадување на територија на град Скопје но и во други градови.
Прагот на загадување е надминат неколкукратно во текот на два последователни денови при што од Министерството за животна средина и просторно планирање се препорачува да се користи јавен превоз, возилата да не се користат без поголема потреба, повеќе лица да се возат со едно возило во исто време, да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материја, како и правилно да се користат печките за дрва.
Воедно Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје на РМ препорачува ограничени движења и активности на отворен простор на најранливата популација меѓу кои се децата, стари лица, болни од хронични болести на белодробниот и срцевиот садовен систем, со посебен ризик за болните од бeлодробна астма, но и за лицата кои својот професионален ангажман го вршат на отворен простор во загадените зони на градот.
Препораките се активираат врз основа на податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентниот воздух дефиниран во Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели е надминат на мерните места Скопје – Бутел, Центар, Карпош и Ректорат, Кичево, Куманово, Миладиновци, Струмица, Битола 1, Тетово и Кавадарци.
Информацијата за надминување на прагот на информирање од Министерството за животна средина и просторно планирање е доставена до Институт за јавно здравје, Државниот инспекторат за животна средина, Град Скопје и единиците за локална самоуправа каде има епизода на алармантно загадување на воздухот со надминување на прагот на информирање.
Последните мерења покажуваат концентрации од 237 микрограми во Центар, 189 во Карпош, 256 кај Ректорат, 232 во Миладиновци и 163 во Бутел.
Мерки за заштита од загадувањето се активираат согласно уредбата доколку среднодневните концентрации надминат 200 микрограми на две мерни станици во два последователни денови.
Утре, според најавите од УХМР, се очекуваа поволни временски услови, односно облачно и студено со засилен северен ветер.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




