Стипе Месиќ земал мито?
Објавено во: Балкан 02 Октомври, 2013
Поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ и поранешниот директор на претпријатието „Ѓуро Ѓаковиќ“ Бартол Јерковиќ, осомничени се за земање мито од тројца менаџери на финската компанија „Патрија“ во случај на набавка на воени возила во Хрватска во 2007, пишува „Глобус“.
Месиќ и Јерковиќ преку посредникот договориле и зеле миро за свој ангажман во набавка на оклопни возила, потврдија за загребскиот неделник двајца клучни Финци во случајот „Патрија“ - главниот државен обвинител Јука Рапе и главниот инспектор на Националното биро за истрага Кај Ерик Бјерквист.
Државниот обвинител напомена дека финските правосудни тела нема да преземаат никакви правни чекори против хрватски државјани, туку оти тоа е должност на хрватското Државно обвинителство.
Финската истрага за Хрватска е завршена во јуни годинава и врз основа на резултатите поранешниот претседател на Управата Патрија Јорма Витакорпи и уште двајца менаџери на компанијата се обвинети за давање мито во Хрватска.