Стипендии за докторанти по општествени и технички науки на реномирани универзитети
Објавено во: Мои пари 19 Мај, 2013 14:00
Владата денеска објави конкурс за доделување стипендии на лица кои ќе успеат да се запишат на докторски студии на еден од 100-те најреномирани универзитети по општествени науки или на еден од 200-те најреномирани универзитети по технички науки.
Како што соопшти денеска владиниот портпарол Александар Ѓеорѓиев, конкурсот ќе трае до крајот на годината.
- Докторските студии треба да бидат до максимум 4 години по што лицето ќе има обврска да се врати во земјава и да работи во својата област најмалку две години за секоја за која добил стипендија, рече Ѓеорѓиев.
Владата идната недела ќе распише уште два огласа, за стипендирање студенти кои ќе се запишат на Економскиот факултет во Прилеп, на специјализираната програма што се спроведува со Универзитетот Френклин од Охајо, САД, како и за кофинансирање магистранти на Универзитетот Шефилд од Велика Британија во Солун.
Портпаролот напомена дека нема ограничувања на бројот на студенти и стипендии, ниту на висината на поддршката независно за колкава сума станува збор.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





