20 Мај, 2024
0.0277

Стипендии за македонските студенти за постдипломски студии во Грција од ОКТА и Хеленик Петролеум

Објавено во: Мои пари 10 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Македонските студенти имаат можност да добијат целосни стипендии од ОКТА и од Групацијата Хеленик Петролеум за постдипломски студии во Грција. Стипендијата, покрај  школарината на факултетите, ги покрива и животните трошоци на студентите во Грција, во висина од 1.000 евра месечно.

Конкурсот за добивање стипендии, којшто е веќе отворен за аплицирање се однесува на Постдипломската програма Енергија: Стратегија, право и економија на Универзитетот во Пиреја, како и за Постдипломските студии по нафтен инженеринг на Техничкиот универзитет на Крит. Соодветно на профилот на постдипломските програми,на конкурсот може да аплицираат студенти од Машинскиот, Технолошко – металуршкиот, Природно – математичкиот, Правниот и Економскиот факултет. Пристигнатите апликации ќе ги оценуваат стручни комисии на универзитетите, кои ќе одлучат кои студенти ќе ги добијат стипендиите. Рокот за аплицирање за двете програми истекува на 31 мај 2019 година.

Двете постдипломски програми нудат едукација преку иновативни методи, коишто вклучуваат семинари, едукативни посети, истражувачки проекти поврзани со енергетскиот пазар и нафтената индустрија во и надвор од Грција, со посебен акцент на поширокиот Балкан и Југоисточна Европа, каде е активна Групацијата Хеленик Петролеум. Со тоа, стипендиите претставуваат одлична можност за амбициозните студенти да го продолжат образованието и да го надградат своето теоретско и практично знаење на истакнати универзитети во Грција.Истражувањата и предавањата на двете постдипломски програми во целост се одвиваат на англиски јазик.

Програмата на ОКТА и Хеленик Петролеум за стипендирање македонски студенти, започна пред две години и ова е третпат компаниите да стипендираат постдипломски студии на престижни универзитети.Главната цел на Групацијата и спроведувањето на оваа програма е инвестирање во образование и обука на студентите, со цел да се стекнат со поширока научна основа од областа на нафтената индустрија и енергетскиот сектор.

Повеќе информации за конкурсот и за студиите се достапни на линкот.


Можеби ќе ве интересира

Петнаесет млади поети ќе читаат на третата „Отскочна даска“

Петнаесет млади поети ќе читаат на третата „Отскочна даска“

Иновативниот дигитален потсетник Hint by Teva ја трансформира наплатата на фактури кај голем број компании во Македонија

Иновативниот дигитален потсетник Hint by Teva ја трансформира наплатата на фактури кај голем број компании во Македонија

НОВА ПРОМОЦИЈА НА 2win.мк : БОНУС ДОБИВКИ ЗА ЏЕКПОТ МАНИЈА

НОВА ПРОМОЦИЈА НА 2win.мк : БОНУС ДОБИВКИ ЗА ЏЕКПОТ МАНИЈА

Една година по вградувањето вештачки колк, 30-годишната Менче е подготвена да трча маратон

Една година по вградувањето вештачки колк, 30-годишната Менче е подготвена да трча маратон

Започнува караванот за финансиско советување на НЛБ Банка

Започнува караванот за финансиско советување на НЛБ Банка

Рекорден број домашни и странски натпреварувачи и два урнати рекорди го одбележаа 12. издание на настанот „Sparkasse Life Прв до врв“

Рекорден број домашни и странски натпреварувачи и два урнати рекорди го одбележаа 12. издание на настанот „Sparkasse Life Прв до врв“

Револуционерните филери на Синклер достапни во Клиника Жан Митрев

Револуционерните филери на Синклер достапни во Клиника Жан Митрев

„Вози право, вози здраво“ осми пат низ скопските улици, регистрацијата веќе е отворена

„Вози право, вози здраво“ осми пат низ скопските улици, регистрацијата веќе е отворена

Women in Business – уникатен бизнис пакет од ПроКредит Банка и ЕБОР за поддршка на жени претприемачи

Women in Business – уникатен бизнис пакет од ПроКредит Банка и ЕБОР за поддршка на жени претприемачи