Стипендии за постдипломски студии во Франција
Објавено во: Мои пари 11 Април, 2013 16:07
Француската влада, преку Француската амбасада и Францускиот институт во Скопје, доделува стипендии за постдипломски студии во Франција.
Во тек е конкурсот, отворен до 30 април 2013, за стипендии на Француската влада за постдипломски студии во Франција. Секоја година Француската влада доделува одреден број стипендии за македонските студенти и на тој начин им овозможува да завршат еден дел од своето високо образование на некој од престижните француски универзитети или елитни школи. Францускиот високообразовен систем се карактеризира со огромна разноликост во однос на различните дипломи, програми и домени на студии.
Стипендијата ги покрива трошоците за школарина, за студентското здравствено осигурување, како и секојдневните животни трошоци.
Стипендистите користат и други бенефиции и имаат предност при сместување во студентски дом.
Францускиот специјализиран оддел за високо образование Кампус Франс, кој функционира во рамките на Францускиот институт во Скопје, располага со сите информации околу програмите за стипендии, студиските програми на универзитетите како и со практични информации околу студентскиот живот во Франција.
Повеќе информации на: http://www.ifs.mk/mk/Home/StudyFranceContent/634* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





