Стивнува трговската војна Македонија – Србија
Објавено во: Агробизнис 11 Јули, 2013
Мерката за ограничен увоз на пченица и брашно најверојатно ќе се укине дури наесен, велат извори за Фактор. Ваков компромис е постигнат на вчерашната средба меѓу македонскиот министер за земјоделство Љупчо Димовски и српскиот министер за внатрешна и надворешна трговија Расим Љајиќ. Како што дознава Фактор, ова е втора средба меѓу министрите, откако пред неколку дена иста ваква блиц-средба се случила на српски терен, каде што во посета бил македонскиот министер за земјоделство. Министерите се договориле да се воздржат од воведување на дополнителни мерки со кои би се оневозможила непречена трговска размена со земјоделските производи.
По средбата на двајцата министри, од министерството за земјоделство, иако средбата ја држеа во тајност, подоцна информираа дека министрите изразиле подготвеност за евентуална измена на времената мерка за условен увоз на пченица и брашно после надминување на нарушувањето на пазарот.
-Се договоривме македонската Влада да започне процедура за измена на постоечката одлука за ограничен увоз на брашно и пченица од други земји, заклучивме дека е добро еднаш неделно Србија и Македонија да се консултираат за техничките и практични проблеми од областа на увозот и извозот и заемно да се решаваат, да ги отсраниме сите вонцарински бариери кои ја спречуваат слободната трговија.Ако одлуката се промени ние секако нема да воведеме реципрочни мерки. Мислам дека договорот ќе биде испочитувам од двете страни, изјави во интервјуто за телевизијата 24 Вести, срспкиот министер за внатрешна и надворешна трговија Расим Љаиќ, кој најави дека за средбата ќе го извести и Комитетот на ЦЕФТАИ покрај тоа што првично земјоделците беа шокирани од најавата дека мерката ќе се укине, сега велат дека ионака секоја година по краток период од воведувањето, мерката се повлекувала.
- Доколку повлекувањето на мерката биде за неколку месеци односно наесен кога ќе би завршил и откупот кај нас, тогаш нема никаква опасност од нејизното укинување. Секоја година ние во ек на жетва бараме воведување на оваа мерка, а потоа кога работите ќе се стабилизираат сами бараме мерката да се повлече, вели Ефтим Шаклев, претседател на Асоцијацијата на земјоделци на Македонија.
Според бизнисмените од мелничко-пекаркаста индустрија доколку мерката се укине овој период, тогаш тие ќе мора да ги променат сегашните склучени договори за откуп на пченица со домашните производители, пазарот ќе биде либерализиран и нив во тој случај поефтино ќе им биде да земаат пченица од Србија чија откупна цена во моментов е 9 денари за килограм.
Мерката за ограничен увоз се воведува четири години Мекрата за ограничен увоз на пченица и брашно Македонија ја воведе пред четири години со цел прво да се откупува домашната пченица и да се заштити производството. Оваа година по барање на мелничарите кои претходно беа против оваа мерка, се промени само сразмерот. Поточно за секој увезен 1 килограм пченица, да се откупат 3 килограми домашна пченица. Во однос на брашно, одлуката предвидува за секој увоз на 1 килограм брашно, мелничарите да откупат 4 килограми домаѓна пченица. Оваа година србите се одлучија да возвратат, па изминативе денови излегоа дури и со ултиматум, дека доколку во рок од 10 дена Македонија не ја повлече одлуката тие ќе го ограничат увозот на македонско вино и зеленчук. Неколку дена ниоту Македонија ниту Србија не попушташе во своите ставови, и двете земји тврдеа дека се во право. Дел од домашните експерти коментираат дека либерализираниот пазар предвиден со ЦЕФТА договорите не познава вакви ограничувачки мерки. - Точно е дека постојат членови за заштитни мерки, но тие не треба да се злоупотребуваат, ако сакаме да бидеме конкурентни на пазарот не треба да условуваме. Секоја земја може да прогласи дека нејзиното производство е загрозено од некој увозен производ. Постојат други начини со кои можеме да си го заштитиме домашното производство од увозните производи. На пример да се поставуваат стандарди што треба да ги исполнуваат увозните производи, или пак да се направи вон тарифен увоз на тврда пченица, со такви работи може да си го штитиме производството, вели агроекономисот Борис Анакиев. Со годинашната жетва, се очекува род од околу 280 илјади тони пченица. Поради добрите временски услови се очекува повисок род годинава од 3,5 до 4 тони по хектар. Македонија 50 отсто од домашните потреби ги покрива со увозна печеница, а увозот на пченица изнесува околу 150.000 тони. Ј.С* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.