20 Април, 2025
0.0436

Сто години Прилепска Пиварница – настан посветен на традицијата и на иднината

Објавено во: Мои пари 13 Јуни, 2024 12:49

Добивај вести на Viber

На 12.6.2024 година, во хотелот „Мериот“ се одржа настан по повод стогодишнината од постоењето на Прилепска Пиварница. На настанот присуствуваа многубројни соработници, вработени, пријатели, семејства и гости и заедно го одбележаа овој голем и значаен јубилеј за пиварницата.

Преку краток документарен филм беше раскажана приказната стара цели 100 години и сите поважни случувања од 1924 година, па до ден-денес, а гостите ги забавуваа нашата Калиопи и хрватската музичка ѕвезда Тони Цетински. За крај, Сашко Коцев со својот стенд-ап настап се потруди навистина да ги насмее и да ги расположи присутните гости.

Пред гостите свое обраќање имаа претседателот на Управниот одбор, господинот Сашко Самарџиоски, и членот на Управниот одбор, госпоѓата Панде Самарџиоска.

„Најубавото од сè е што приказната сè уште трае и некои други генерации ќе продолжат да ја раскажуваат и по нас. Возбудата вечерва со самото тоа е уште поголема кога денес, вака собрани, сме современици на еден настан за кој работеле и живееле толку многу генерации, а ние ја имаме честа да сме современици на овој јубилеј! И на следниот од наредни 100 години ќе бидат сосема некои други лица, кои сега не се ни родени!“, рече господинот Сашко Самарџиоски.

„Денес им оддаваме почит и на визионерските основачи, кои ги поставија темелите на нашата пиварница пред еден век (нивни потомци се присутни овде, во салава). Нивната непоколеблива визија и страст го обликуваа нашето патување и наследство. Тие продолжуваат да нè инспирираат додека го носиме нивното наследство напред во иднината“, изјави госпоѓата Панде Самарџиоска.

Прилепска Пиварница има навистина богато портфолио. Пивата Златен Даб и Крали Марко веќе се едни од водечките домашни брендови на пиво, додека Tuborg и Carlsberg, Holstein, 1664 Blanc и Somersby се едни од најквалитетните светски пива, а нивен единствен овластен дистрибутер е Прилепска Пиварница. Освежителниот газиран пијалак Газоза веќе ги освојува и светските пазари, стекнувајќи култен статус дома. Како овластен полнител на безалкохолни пијалaци, Прилепска Пиварница ги полни пијалаците на Pepsi Cola International: Pepsi, Pepsi Lime, Pepsi Max, 7UP, Mirinda Lemon и Mirinda Orange. Увозник е на Lipton Ice Tea, како и овластен увозник за производите од познатиот бренд „Књаз Милош“ од Србија, меѓу кои: газираната вода Књаз Милош, негазираната вода Aqua Viva, енергетскиот пијалак Guarana и негазираните овошни сокови Tube, a пиварницата е и увозник на алкохолните пијалаци St. Nicolaus.

Овој јубилеј и овој настан беа доказ за непоколебливата посветеност и љубов кон традицијата што го поттикнува успехот на Прилепска Пиварница веќе сто години. 

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

„Алкалоид“ трета година по ред е апсолутен победник - најпосакуван работодавач за 2024 година

„Алкалоид“ трета година по ред е апсолутен победник - најпосакуван работодавач за 2024 година

Владимир Мартиновски: Во сонетниот венец „Часови без часовник“ се преплетуваат љубовта и нештата што ме загрижуваат

Владимир Мартиновски: Во сонетниот венец „Часови без часовник“ се преплетуваат љубовта и нештата што ме загрижуваат

„КАМ“ прогласен за најпосакуван работодавач за 2024 година

„КАМ“ прогласен за најпосакуван работодавач за 2024 година

CUPRA Formentor и Audi A5 се победници! - Доделени наградите „Златно Тркало 2025“

CUPRA Formentor и Audi A5 се победници! - Доделени наградите „Златно Тркало 2025“

Постот никогаш не бил посладок – Откријте го совршениот додаток за кафе во Имлек Оаза

Постот никогаш не бил посладок – Откријте го совршениот додаток за кафе во Имлек Оаза

Десет години трансформација: Philip Morris International го објави Извештајот за одржливост за 2024 година

Десет години трансформација: Philip Morris International го објави Извештајот за одржливост за 2024 година

Флекс Кредит прогласен за „Најпосакуван работодавач“ во категоријата финансиски друштва за 2024 година

Флекс Кредит прогласен за „Најпосакуван работодавач“ во категоријата финансиски друштва за 2024 година

Каратистите на „Макпетрол” ќе учествуваат на светската карате-лига во Египет

Каратистите на „Макпетрол” ќе учествуваат на светската карате-лига во Египет

КС Групација ги подели традиционалните велигденски ваучери

КС Групација ги подели традиционалните велигденски ваучери