16 Декември, 2025
0.0548

Сто илјади Палестинци бараат спас од пеколната Газа

Објавено во: Свет 22 Јули, 2014 11:27

Добивај вести на Viber

Бројот на Палестинци кои бараат прибежиште од израелската офанзива во Појасот Газа надмина 100.000, објави Агенцијата за бегалци на Обединетите нации. Портпаролот на агенцијата Кристофер Ганес вели дека овој број е двојно поголем во споредба со оној од судирите во 2009 година. Агенцијата на ОН отвори 69 засолништа во Газа за раселените, додека Израел ги продолжува нападите од воздух, вода и копно, гранатира куќи, канцеларии и други цели, во офанзивата чија цел е да ги запре ракетните напади на Хамас. Овој судир е најкрвав од судирите кои започнаа кон крајот на 2008 година и траеја три недели. До сега, во обновените пресметки се убиени 570 Палестинци и 27 Израелци. Бројот на загинати и раселени драстично се зголеми откако Израел во четвртокот, по 10 дена бомбардирање на Газа, започна и копнена офанзива. Израелската војска трпи бројни критики заради големиот број цивилни жртви во нападите. Турција од денеска прогласи тридневна жалост заради случувањата во Газа и големиот број цивилни жртви во израелската операција. Турција е еден од најжестоките критичари на интервенцијата на израелската војска во Газа, а турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган ги спореди нападите на Израел врз палестинското население со геноцидот на Хитлер врз еврејскиот народ за време на Втората светска војна.

Можеби ќе ве интересира

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица