06 Декември, 2025
0.0425

Стоби Флипс за децата поддржани од СОС Детско село – од секое купено пакување ќе се извојуваат средства за донација

Објавено во: Мои пари 17 Октомври, 2025 10:49

Добивај вести на Viber

Со секој купен Стоби Флипс ќе се издвојуваат средства за децата поддржани од СОС Детско село Македонија. Со помош на оваа општествено одговорна кампања на Витаминка реализирана под слоганот „Заедно за топол дом, љубов и грижа за секое дете“потрошувачите ќе можат директно да учествуваат во донаторскиот процес и да придонесат за посреќно детство на децата поддржани од СОС Детско село.

Преку ваквата иницијатива, Витаминка ја продолжува својата мисија да ги поттикнува општествената одговорност и солидарноста. Кампањата има за цел да ја подигне јавната свест и да обезбеди поддршка за децата без родителскагрижа.Специјалното издание на Стоби Флипс, инспирирано од боите и мисијата на СОС Детско село, ја носи пораката на кампањата: „Заедно за топол дом, љубов и грижа за секое дете“ – симбол на заедништво и поддршка за децата кои имаат најмногу потреба од тоа.

„Со оваа кампања сакаме да потсетиме дека вистинските вредности почнуваат од емпатијата и желбата да се направи добро дело. Витаминка секогаш била блиску до семејствата и децата, а преку Стоби Флипс – бренд што го обединува сите генерации – сега ја пренесуваме пораката дека заедно можеме да изградиме посреќно и похумано општество,“ изјавија од Витаминка.

Средствата собрани преку оваа акција ќе бидат насочени кон проектот „Менталното здравје пред сè“, кој обезбедува психолошка поддршка и специјализирана едукација со рехабилитација за децата и младите поддржани од СОС Детско село Македонија.

Од СОС Детско село Македонија додаваат дека ваквите партнерства имаат длабоко и трајно значење за нивно непречено делување во општеството. „Партнерствата како ова со Витаминка се клучни за одржливоста на нашата мисија. Тие ни овозможуваат да продолжиме да обезбедуваме стручна поддршка, едукација и психолошка грижа, но и да ја шириме пораката за важноста од заедничка одговорност во грижата за секое дете,“ велат од СОС Детско село Македонија.

Во рамки на кампањата ќе бидат реализирани забавно-едукативни активности, меѓу кои посета на маскотата Флип на СОС Детско село која ќе вклучува многу забава и смеа, како и посета на децата во фабриката Витаминка, каде тие ќе можат да го запознаат процесот на создавање на нивниот омилен Стоби Флипс и да поминат ден исполнет со учење, дружба и топли моменти.

Со оваа кампања, Витаминка уште еднаш ја потврдува својата улога какоопштествено одговорна компанија, посветена на поддршка на најмладите и на создавање подобро, похумано и посреќно општество за сите.

ПР објава

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј