05 Декември, 2025
0.0328

Сточарите револтирани поради „јазлеста кожа“ блокираа патишта во истокот

Објавено во: Агробизнис 16 Мај, 2016 16:19

Добивај вести на Viber

Барикади со трактори ја блокираа Малешевијата и патните правци кон Делчево  и Штип.

Револтирани сточари кај селата Мачево и Смојмирово на овој начин го искажаа незадоволството и од непостапување на надлежните институции во врска со болеста „јазлеста кожа“.

Од надлежните сточарите кои трпат огромни штети побараа да не се уништува здравата стока и итно да се преземат превентивни мерки.

Според некои проценки досега се уништени 50-ина грла добиток во Малешевскиот регион, додека во Делчево 20-ина.

Препукувањата пак во Министерството за земјоделство не престануваат секојдневно.

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски ги демантира тврдењата на АХВ дека вакцини се набавени.

АХВ дури вчера соопшти дека започнала едукација на сточарите и засегнатите лица во гевгелискиот регион за начинот на заштита и справување со болеста.

„Финансиски средства за набавка на вакцината и спроведувањето на активностите поврзани со сузбивањето на болеста се обезбедени дури на 12.05.2016 година. Оваа може да се види во Сл. Весник на РМ кој е објавен на 12.05.2016 г., каде се објавени измените во Програмата за финансиска поддршка во земјоделието за 2016 година.

Договорот за набавка на вакцините е потпишан дури вчера на 13.05.2016 година. Сеуште не се знае кога ќе биде извршена уплатата и кога ќе пристигне вакцината во Македонија“, вели Николовски.

Вкупно 250.000 вакцини се порачани против болеста јазлеста кожа кај говедата.

Вакцини ќе има за целиот фонд на крупен добиток или 226.000 грла, информираше директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Поповски.

Како превентива на земјоделците им е наложено да одржуваат високо ниво на хигиена. За набавка на вакцините државата ќе одвои еден милион евра. Надлежните се справуваат со појавата на оваа болест, делувајќи заедно со фармерите и ветеринарните.

Млекарниците будно ја следат состојбата

Дел од поголемите млекарниците за Фактор изјавија дека ја следат состојбата на терен а откупот го вршат во согласност со препораките од АХВ. Од млекарницата „Здравје Радово“ изјавија дека нема зошто да не се откупува млекото од оние крави што не се заразени. Од битолската млекарница изјавија дека тие воопшто и не откупуваат млеко во источниот регион, но ја следат состојбата.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?