СТОЧАРИТЕ ТВРДАТ: Јагнињата ги продаваме скоро за џабе
Објавено во: Агробизнис, Корона Вирус 13 Април, 2020
Сточарите во Македонија се разочарани од цената за откуп на јагнето.
Велат дека 100 денари по килограм е цена која е неисплатлива. Годинава ќе бидат во загуба.
Ги погоди целата ситуација со коронавирусот, и проблемите со извозот во Италија.
„Лани имавме лоша година, и ни рекоа да се стрпиме, но оваа година испадна полоша. Вирус е вирус, не е само кај нас, ги погоди и другите земји. Ние треба да платиме храна, да ги платиме овчарите кои работат кај нас, ние не можеме да им речеме да чекаат до идната година. Имаше проблеми со извозот во Италија, не е дека не го сакаат нашето јагне во оваа земја, напротив го сметаат за деликатес“, вели Митко Јанков од Агроцентар Велес.
Тој смета дека соседните Бугарија и Албанија подобро се справиле со ситуацијата и им помогнале брзо и ефективно на сточарите.
Скендер Аме од Здружението на сточари Даши од Дебар, вели дека за Велигден нема да успеат да продадат јагниња. Дебар секако ќе биде на удар поради кризната состојба.
„Сточарите имаат многу проблеми, јагнињата ги дадовме бадијала. Треба да има цена од минимум 180 денари за да ги покриеме трошоците. Околу 50 отсто од јагнињата во Македонија не се продадени. Сега слушам од сточарите дека кланиците им нудат 100 денари за килограм жива мера“, додава Аме.
Вели дека во Дебар има околу 8.000 јагниња кои ќе останат непродадени.
Сточарите ќе бидат принудени дел од женските јагниња да ги задржат.
Министерот за земјоделство, Трајан Димковски деновиве изјави дека за земјоделците веќе се дадени неколку мерки. За мерката за откупот на јагнињата се зголеми дополнителната мерка од 1500 денари, а за оставено женско јанге ќе изнесува 2.500 денари.
Сања Атанасовска
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.