06 Мај, 2024
0.0269

Стоилковски: Ако Џафери сам не си поднесе оставка, пратениците мора да повикаат на испитување на неговата деловна способност

Објавено во: Македонија 15 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ денеска потсети дека собранискиот претседател Талат Џафери пцуе, навредува, а институциите молчат. 

Вели дека премиерот Димитар Ковачевски се изјасни за наглув кон примитивизмот и насилството коешто го трпат вработените во Собранието од Талат Џафери. 

„Институциите молчат, а молчи и Стево Пендаровски, чиј што заменик, во негово отсуство е токму Талат Џафери! Молчат и пратениците од крими - коалицијата, молчат и од клубот на жени - пратенички, молчат сите, заглавени во заложништвото за да не им се растури крими - коалицијата ДУИ/СДСМ. Ова е скандал којшто не смее да помине тукутака само и само за одржување на крими - коалицијата на власт! Молкот од институциите значат одобрување на примитивизмот на Талат Џафери! Снимката во којашто Талат Џафери од позиција претседател на Собранието најпростачки се однесува кон вработените, ја дава вистинската слика, го покажува модусот на однесување и на владеење на крими - коалицијата. Молкот од институциите, одобрувањето, премолчувањето на примитивизмот значи одобрување иста ваков однос, такво самоволие и простотилок вон сите пишани и непишани норми, од сите оние партиски поставени функционери низ институциите во Македонија“, изјави Стоилковски. 

Вели дека ако Џафери сам не се повлече и не си поднесе оставка, пратениците мора да повикаат на испитување на неговата деловна способност за функцијата претседател на Собранието, но и за пратеничката функција.

Политичката партија Левица бара собраниската Комисија за деловнички прашања да му изрече суспензија на собранискиот претседател Талат Џафери, за кого се појави аудио снимка на која тој пцуе и навредува вработени. Tрет ден Џафери молчи за настанот. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува