Стојанче Ангелов: Не е проблем споменикот во Слупчане, нашите треба да го посетуваат тој пред Собрание
Објавено во: Македонија 02 Мај, 2022 18:54
Претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов, денеска излезе со реакција дека новоотворената спомен-кула на борците на ОНА во Слупчане не претставува иритација за јавноста и предлага македонските политичари од државниот врв да го посетуваат оној на бранителите пред Собранието во Скопје.
„За разлика од овој нов споменик на УЧК кој се наоѓа некаде далеку во Липковско, ние, македонските Бранители од 2001-та, имаме достоинствен и репрезентативен споменик во строгиот центар на Скопје, во непосредна близина на македонското Собрание и скопскиот плоштад.
Останува уште, на овој наш споменик на Бранителите од 2001-та, да се поклонат и претставници на највисокиот македонски државен и политички врв.Затоа, повикувам да не се крева непотребна меѓуетничка тензија поради новиот споменик на УЧК бидејки јас, како непосреден учесник во одбраната на Македонија во 2001-та, можам само да им честитам на наследниците на УЧК -ДУИ, за почитта која ја покажуваат кон загинатите од нивните редови.
Тие нека си ги чевствуваат нивните, ние да си ги чевствуваме нашите загинати а сите заедно да дадеме се’ од себе во Македонија никогаш повеќе да не ни се повтори војна и конечно да завладее целосен меѓуетнички мир.За крај да потсетам дека во Македонија има безмалку стотина достоинствени споменици, спомен обележја како и значајни објекти кои ги носат имињата на загинатите македонски бранители од 2001-та“ гласи дел од соопштението на Ангелов.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




