19 Април, 2024
0.0298

Стоjaноски: Брендираната цреша економски ќе го препороди охридско

Објавено во: Агробизнис 02 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Постапката за брендирање на охридската цреша ќе се заврши во скоро време, што ќе биде една голема придобивка за овоштарите. Ванчо Стојаноски, управител на земјоделската задруга „Охридска церешна 2015“ за Фактор објаснува колку е исплатливо да се произведуваат охридски цреши, и каква помош им е потреба на производителите за да одат напред.

Фактор: До каде е процесот за брендирање на охридската цреша?

Охридскиот регион со своите специфични климатски услови овозможува одгледување на цреши со висок квалитет односно плод со специфичен вкус во однос на други региони на Балканот, каде исто така се одгледуваат. Посебно се издвојуваат две сорти по својот квалитет: охридска црна и охридска долгашишка. Поради овие факти земјоделскиот институт од Скопје во соработка со З.З.„Охридска черешна" изготви елаборат за брендирање на овие две сорти. Процедурата за официјализирање на брендот е при крај и се надеваме дека уште на почетокот од март ќе го добиеме првиот бренд во Република Македонија според новите (строги) прописи.Насоките на земјоделскиот институт се садниците за овие две сорти да се произведуваат исклучиво во Охрид на површини од членови на З.З. „Охридска черешна 2015". Според законот забрането е изнесување на калем гранчиња од овие две сорти надвор од границите на РМ.

Фактор: Дали одгледувањето на охридска цреша е профитабилно?

Црешата е специфична овошна кулура и е најдоходовна во однос на другите овошни врсти. Откупната цена во нашиот регион се движи од 70-100 ден. по килограм. Целта на З.З е да го зголемува сојот капацитет (нови членови) и да дава насоки на земјоделците коi сорти да се засадуваат и практични совети се со цел да ги зголемиме количините и квалитетот на производот. На овој начин можеме да дојдеме до поголема добивка, односно повисока откупна цена. Просечни приноси од еден хектар се од18-20 тони за наши прилики.

Фактор: Колку луѓе се занимаваат во вашиот регион со производство на цреша?

Во последниве десетина години повеќекратно се зголемени насадите со цреша. Покрај споменатите две сорти се засадуваат уште неколку квалитетни сорти со кои  се продолжи периодот за берба на најмалку месец и половина и сигурно ќе бидеме поинтересни за странските пазари. Бројот на одгледувачи на цреша во нашиот регион е преку 250.Општина Охрид: во селата Велгошти,Лескоец,Косел,Орман,Долно и Горно Лакочереј, Вапила и Ливоишта.Општина Дебрца: во селата Требеништа, Мешеишта, Климештани, Волино и Оровник.Општина Струга: во село Мислешево.

Фактор: Потребна ли им е на овоштарите некаква помош од државата и за што конкретно?

Македонија е претежно аграрна земја (за среќа) и во секој случај земјоделието во што поголема мера треба да се субвенционира од страна на државата. Кога се работи за задруги ставката за субвенционирање на опрема се движи до 90% во однос на индивидуалните земјоделци каде ставката е околу 50%. Одгледувањето,бербата, а посебно складирањето на црешата е поспецифично во однос на другите овошни врсти. Во нашиот регион пожелно е на две локации (во село долно Лакочереј и село Требеништа) да се изградат ладилници со соодветен капацитет. Без соодветна финансиска помош од страна на државата за жал овој процес би се оддолжил што не оди во прилог на економскиот развој на нашиов регион. Ако одгледувачите на цреша односно задругарите во соработка со соодветните институции изберат правилен пристап кон што поскоро разрешување на актуелните проблеми за неколку години овој регион економски ќе биде препороден.

Фактор: Која е посакуваната цена на црешите за овоштарите?

Македонија е аграрна земја и со своите поволни климатски услови овозможува во секој наш регион да се одгледуваат голем број на градинарски и овошни култури со висок квалитет.Ако нашиот земјоделец се потруди на правилен начин да ги искористи ресурсите Македонија не само што во голема мера ке ја намали зависноста од увоз на храна (понекогаш со сомнителен квалитет) туку и голем дел од производството ке се извезува. Важен предуслов за развој на земјоделието е организирање на земјоделците во задруги каде бенефитите се повекекратни,односно би ги намалиле трошоците во производството и би добиле на квалитет и квантитет и што е многу важно би дошле полесно до пласман на производот и би постигнале повисока цена.Целта на нашата задруга е преку организирано производство и пласман црешата да се пакува од половина до еден килограм и во тој слуцај извозната цена ке достигне од 3.5 д 4 евра за еден килограм.Земјоделската задруга делува во трите општини Охрид,Струга и Дебрца со цел во иднина да ги третира и другите овошни култури и што поскоро низ нејзиниот развој да прерасне во вистински сервис на земјоделците од регионот.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари