24 Јуни, 2024
0.0283

Стојанов со закани до Македонците: Кој ќе крене рака на Бугарин, ќе остане без раката

Објавено во: Македонија 20 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

Бугарин упати закани кон Македонците. 

„Ќе дојдеме илјадници, кој ќе крене рака на Бугарин, ќе остане без раката“, се заканува  Виктор Стојанов, Бугарин кој е основач на Фондацијата Македонија, откако три лица во Охрид го истепаа Христијан Пендиков. 

Напаѓачите ги нарече шовинисти. 

„Денес очекуваме брза и адекватна реакција од Бугарија! Исто така, очекуваме реакција и од бугарското општество! Затоа што Бугарите во Северна Македонија ги претепуваат по улиците! Сакаме Северна Македонија бргу да ги уапси и да подигне обвиненија за тројцата напаѓачи, кои му нанесоа телесни повреди на Христијан“, напиша на својот Фејсбук профил Виктор Стојанов.


Фондацијата е основана во април 2021 година. 

Македонските власти го осудија нападот, а Бугарија упати протестна нота. Дури има закани дека е можно да го вратат ветото за Македонија. 

Секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети" во Охрид, Христијан Пендиков, со авион „Фалкон" на бугарска влада ќе го пренесат на лекување во Софија, јавуваат бугарските медиуми. 

Три лица го нападнале во центарот на Охрид, а тој се здобил со сериозни повреди на главата и вилицата, како и на други места по телото.

Бугарскиот клуб во Охрид неколку пати беше мета на напади. 

Можеби ќе ве интересира

ШОКАРОВСКИ ВРАТЕН НА ДИРЕКТОРСКОТО СТОЛЧЕ НА КАРДИОЛОГИЈА: Беше разрешен за време на изборна кампања

ШОКАРОВСКИ ВРАТЕН НА ДИРЕКТОРСКОТО СТОЛЧЕ НА КАРДИОЛОГИЈА: Беше разрешен за време на изборна кампања

Таравари по втор пат ќе ја гради Клиниката во Штип: Ништо не е сменето од 2017

Таравари по втор пат ќе ја гради Клиниката во Штип: Ништо не е сменето од 2017

ЕКОНОМСКИТЕ ДИРЕКТОРИ ОДАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Прва работа како министер на Таравари ќе биде нивно разрешување

ЕКОНОМСКИТЕ ДИРЕКТОРИ ОДАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Прва работа како министер на Таравари ќе биде нивно разрешување

ОРЦЕ ЈА СРЕДИ КИСЕЛА ВОДА, ПА ЗАМИНА ВО ЈЕГУНОВЦЕ: „Веднаш организирав машини за испумпување на водата и тргнав кон Јегуновце“

ОРЦЕ ЈА СРЕДИ КИСЕЛА ВОДА, ПА ЗАМИНА ВО ЈЕГУНОВЦЕ: „Веднаш организирав машини за испумпување на водата и тргнав кон Јегуновце“

Претседателот на Уставен суд пријави закани кон колеги

Претседателот на Уставен суд пријави закани кон колеги

КОЈ Е ПРВИОТ ПОЛИЦАЕЦ КОЈ ЌЕ ГО ВОДИ МВР? Тошковски ја презема функцијата министер за внатрешни работи

КОЈ Е ПРВИОТ ПОЛИЦАЕЦ КОЈ ЌЕ ГО ВОДИ МВР? Тошковски ја презема функцијата министер за внатрешни работи

ПОСТОИ ОПАСНОСТ ОД НОВО НЕВРЕМЕ? Еве што велат синоптичарите

ПОСТОИ ОПАСНОСТ ОД НОВО НЕВРЕМЕ? Еве што велат синоптичарите

Нелоски и Јанушев го пречекале Мицкоски пред Владата

Нелоски и Јанушев го пречекале Мицкоски пред Владата

НОВАТА МИНИСТЕРКА ЗА ЕНЕРГЕТИКА И РУДАРСТВО, ОСВЕН МАКЕДОНСКО ИМА И ЧЕШКО ДРЖАВЈАНСТВО: Еве која е Сања Божиновска

НОВАТА МИНИСТЕРКА ЗА ЕНЕРГЕТИКА И РУДАРСТВО, ОСВЕН МАКЕДОНСКО ИМА И ЧЕШКО ДРЖАВЈАНСТВО: Еве која е Сања Божиновска