05 Декември, 2025
0.0573

СТОП за македонското месо во Белорусија!

Објавено во: Агробизнис 11 Август, 2014 13:04

Добивај вести на Viber

Белорусија воведе привремена забрана за увоз на добиток и месо од Македонија. Според белоруските медиуми, причина за ваквата мерка е појава на болеста „син јазик“ кај добитокот. Забраната на белоруското Министерство за земјоделство се однесува на говеда, овци, кози, како и на диви животни кои се подложни на вирусот, но и месо од животните кои подлежат на забраната. Болеста Син јазик е неконтагиозно вирусно заболување кај домашните и дивите преживари (претежно се јавува кај овците но заболуваат и говедата, козите, бафалата, антилопите, елените, срните и камилите) кое се пренесува преку инсекти (комарци) од видот Culicoides. Не постои ефикасен третман против неа. Случај на присуство на болеста „син јазик“ минатата недела беше откриен во општина Берово, во атарот на селото Русиново. во одгледувалиште на овци - 6 животни се позитивни на антитела, а во два од примероците со метода на PCR е утврден причинителот на болеста. На терен се вршат испитувања за евентуално да се откријат и други позитивни случаи. Болеста различно се манифестира кај различни видови животни. Во најтешка форма се јавува кај овците, каде предизвикува намалување на телесната тежина, намалување на млечноста, нарушување во растот на волната и можна смртност. Морталитетот варира од 2-30% кај заболените животни, но, може да достигне и до 70%. Агенцијата за храна и ветеринарство пред два дена објави информативно-едукативна брошура за болеста „син јазик“. Во брошурата се презентирани основите за тоа за каква болест станува збор, каде е распространета, како се пренесува, има ли и кој е ризикот по здравјето на луѓето, кои се клиничките знаци на болста, како и препораки за тоа што треба да се преземе за превенција и нејзина контрола. Брошурата можете да ја погледнете тука:

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?