Стопанска банка а.д. Битола наградена од Global Banking & Finance
Објавено во: Мои пари 23 Ноември, 2016 11:23
Оваа година, втор пат по ред, Стопанска банка а.д. Битола, од страна на “Global Banking & Finance”, е избрана за:
· „Најдобра банка за работа со правни лица 2016„
· „Најдобра банка за работа со физички лица 2016„ , а на Претседателот на Управниот Одбор, г-нот Владимир Ефтимоски, му е доделена наградата:
· „Најдобар главен извршен менаџер во банкарскиот сектор за 2016„.
Дополнително, оваа година Претседателот на Управниот Одбор на Стопанска Банка а.д Битола, г-нот Ефтимоски, од страна на меѓународниот финансиски магазин “The Business Worldwide” доби уште две престижни награди:
· „Најдобар главен извршен менаџер во банкарскиот сектор во Македонија за 2016„, и
· „Најиновативен извршен директор за Македонија за 2016 година„.
“Global Banking & Finance” и финансискиот магазин “The Business Worldwide” се едни од водечките светски извори на авторитативна анализа на меѓународниот финансиски и банкарски сектор. Се читаат во повеќе од 200 земји и претставуват едни од главните извори на информации за клучните фактори на одлучување во финансиското работење. Својот углед го базираат на објективност, влијание, интегритет и точност во информирањето. Искусни економски новинари, ажурно и секојдневно пренесуваат вести од банкарскиот сектор, брокерските работи, фондови, менаџмент на богатство, корпоративно владеење, спојувања и превземања... се под еден глобален чадор.
При одлучувањето за доделување на наградите на Претседателот на Управниот Одбор на Банката, г-нот Ефтимоски, жирито на финансискиот магазин “The Business Worldwide”, кој има преку 62,000 читатели, се раководеше од повеќе критеритуми, помеѓу кои:визија и инспирација; иновативност и креативност; успешност; стратегија за развој; лидерство; стил, посветеност и ангажираност; општествена одговорност и експертиза.

Наградите кои му беа доделени на г-н Ефтимоски беа објавени и на портали и онлајн сервиси како Reuters, Marketwatch, Bloomberg terminals, Dow Jones, LexisNexis, Yahoo News!, CNBC и Forbes.

Овие награди се признание за Стопанска Банка а.д Битола и за нејзиниот менаџер, за континуираните напори кои се вложуваат во насока на стабилно и профитабилно работење, како и развој на иновативни проекти и производи, како платежни картички со безконтактно плаќање, модерно електронско банкарство, нова веб страна, Mobipay. Проекти и производи посветени кон потребите на нашите клиенти.
https://issuu.com/bwhk2013/docs/businessworldwide_2016-02_spring
http://www.bwmonline.com/awards/ceo-awards-2016-winners/
Наградите пак, кои ги доделува “Global Banking & Finance”, во меѓународните банкарски и финансиски кругови, претставуваат мерило за просперитет и релијабилност, важејќи за точен индикатор на водечките организации во светот. Со добивањето на престижните награди за 2016 година, втор пат по ред, од страна Global Banking & Finance, продолжува меѓународната верификација на успешната приказна на Стопанска Банка а.д. Битола.
https://www.globalbankingandfinance.com/magazine-issue-5/
https://www.globalbankingandfinance.com/current-banking-trends-in-macedonia/
Почнувајќи од 2013 година, банката во континуитет го подобрува своето работење. Сериозно се инвестира во развојот на дистрибутивната мрежа и во подобрувањето на квалитетот на услугите за клиентите, преку анализа на нивните барања се со цел креирање на понуда и услуги според нивните потреби. Како резултат на ваквите напори, Банката постојано во континуитет го зголемува бројот на клиенти и заклучно со Септември 2016 истата бележи раст од 8,65% во однос на 2013, ја зголемува депозитната база, која во споредба со 2013 е зголемена за 27,58%, а обемот на бруто кредити за 64,44% заклучно со Септември 2016. Стабилниот и континуиран раст на кредитното портфолио на банката овозможи раст на приходите од камати за 23,69% во 2014, односно 15,04% во 2015, раст на приходите од провизии за 10,47% во 2014, односно 12,28% во 2015, раст на приходите од курсни разлики за 70,04% во 2014 односно 60% во 2015 со што вкупниот нето оперативен приход континуирано расте и тоа за 41,34% во 2014, односно 14,66% во 2015 година.
Постојаните заложби на Банката за раст на работењето овозможи пораст на бројот на вработени за 40,96% во однос на 2013. Доброто управување со трошоците од секојдневното работење и прудентното управување со ризиците, заклучно со Септември 2016, придонесе за раст на вкупната актива на банката за 32,50% и намалување на нефункционалните кредити за 80% во однос на 2013 година. Заклучно со Септември 2016 година, учеството на нефункционалните кредити во бруто кредитното портфолио на банката изнесува 2,80%, додека стапката на покриеност на нефункционланите кредити со исправката на вредноста изнесува 125,90%.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




