19 Декември, 2025
0.0523

Стопанска банка – Скопје отвори продавница за електронско банкарство

Објавено во: Мои пари 29 Јануари, 2014 10:15

Добивај вести на Viber

Стопанска банка - Скопје ја отвори првата продавница за електронско банкарство во Македонија во која граѓаните ќе можат да аплицираат и да научат за сите услуги кои ги нуди електронското банкарство Во i-bank store регионалното искуство и познавање на пазарот преку глобалните технолошки иновации се преточува во локална предност за нашите клиенти, информираат од Стопанска банка - Скопје. „Пораката која Стопанска банка ја испраќа до пазарот денеска, е дека продолжува да биде лидер, иноватор и најдинамична Банка која не само што ги разбира туку и успева во рана фаза да ги открие потребите на клиентите со цел навремено да ги направи потребните инвестиции и промени во својот бизнис модел и постојано да биде чекор понапред во банкарскиот сектор“, изјави Диомидис Николетопулос, Генерален извршен директор и Претседател на Управниот одбор на Стопанска банка. Паралелно со отворањето на i-bank store, Банката воведува уште неколку новитети: • Унифицирана платформа со примена на OTP (one time password) токен за автентикација на налози за сите плаќања преку e-banking, m-banking и телефонско банкарство. Достапно само за физички лица. • Верзија од m-banking апликацијата е изработена и активирана и за Windows mobile уреди и • Стопанска банка е прва и единствена која во Македонија го воведе 3D Secure стандардот со кој Visa & MasterCard картичките издадени од банката од Февруари 2014 ќе бидат овозможени за безбедни интернет плаќања насекаде во светот. I-bank store ќе биде отворен за клиентите од 10 до 20 часот,а со отворањето на електронската продавница официјално започнува и прославата на 70 годишнината на Банката која ќе биде одбележана со повеќе вакви настани и промоции.  

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии