05 Декември, 2025
0.0849

Стопанска комора:Компаниите во Западен Балкан не внимаваат на енергетската ефикасност

Објавено во: Економија 12 Ноември, 2012 13:49

Добивај вести на Viber

Веродостојни податоци за потрошувачката енергија не се способни да обезбедат дури 20 отсто од компаниите во Западен Балкан, само дел од компаниите трошоците за енергија ги држат под 3 отсто од нивните приходи, додека просекот изнесува 6,4 отсто. Најголем дел, 56 отсто од компаниите планираат и водат сметка, но само 5 осто имаат реализирани студии за зголемување на енергетската ефикасност во своите објекти и процеси на производство. Ова го покажува анкетата сопроведена од 16 коморски експерти во 105 компании во шест земји од Западен Балкан. Од анкетираните компании 15 се од Албанија, 21 од Босна и Херцеговина, по 29 од Хрватска и Србија и по 9 од Македонија и Црна Гора. Големите компании се застапени со 9 отсто, 57 отсто се мали компании до 10 вработени, а 34 отсто се средни. Од металопреработувачката и електро индустријата се 11 отсто од анкетираните компании, а по 6 отсто припаѓаат на градежништвото, хемиската индустрија, трговијата и текстилот по што следат другите гранки. Дури 50 отсто од компаниите работат во стари објекти, 34 отсто во релативно нови и само 16 осто во нови, енергетски ефикасни објекти. - Електричната енергија е најчест извор на енергија што го користа компаниите од Западен Балкан и претставува 34 отсто од вкупниот енергетски мискс. По неа следи огревното дрво со 13 отсто и гасот со 12 отсто, а јагленот скоро и да не се користи, рече Зорица Мешкова од Стопанската комора на Македонија на денешната прес-конференција. Таа посочи дека Македонија и Црна Гора имаат најголема потрошувачка на електрична енергија по што следат Албанија и Србија. - За осветлување најмногу се корсти флуоресцентните светилки со 75 отсто, а оснатнатите видови светилки се помалку застапени што покажува дека се троши повеќе електрична енергија. За греење и ладење најмногу се користи гасот со 22 отсто, по што следат нафтата и централизираното електрично греење со по 21 отсто и биомасата со 20 отсто, рече Мешкова. Како бариери за поголема застапеност на енергетската ефикасност, додаде, компаниите најчесто ги истакнуваат недостигот на финансиски средства и недостигот на човечки ресурси. - Од испитаниците 22 отсто велат дека немаат финасиски средства, а остантитте од 50-тината посто од компаниите кои се свесни за придобивките од воведувањето на енергетската ефикасност потенцираат дека немаат доволно човечки ресурси, истакна Мешкова. Од EUROCHAMBERS, како што рече, даваат сугестии до компаниите дека треба да се стремат кон рационализирање на потрошувачката на енергија, модернизирање на нивната инфраструктура и паметното управување со енергијата зашто тоа носи материјално финансиски бенефити, значително ја подобрува конкурентноста на производите и поволно влијае на заштитата на животната средина. До креаторите на политиките препорачуваат да обезбедат поголеми санациски работи на објектите и креирање на стратегии што ќе се спротистават на неефикасното користење на енергијата посебно во изнајмените објекти. Се препорачува и да се направат бизнис зони во кои малите и средните претпријатија ќе можат да се приклучат на централно греење, како и да се даде поголем пристап на енергетсктие контроли особено до малите и средните претпријатија. Љубица Нури од Стопанката комора посочи дека Македонија треба да се стреми кон исполнувањето на директивите на ЕУ во областа на енергетската ефикасност и додаде дека ЕУ предвидува до 2020 година за 20 отсто да се намали потрошувачката на енергија во земјите-членки. - Стопанската комора на Македонија веќе има двајца обучени експерти кои можат да спроведат мерења и проценка на трошоците за енергија, рече Нури. Експеритет, додаде, можат да ја согледаат состојбата во некоја компанија и да дадат проценка кои се потенцијалите за намалување на трошоците за енергија.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември