06 Декември, 2025
0.0294

СТОПАНСКАТА КОМОРА НА ЧЕЛО НА ПЛАТФОРМАТА ЗА ЈАВНО-ПРИВАТЕН ДИЈАЛОГ

Објавено во: Економија, Колумни 24 Јануари, 2022 08:00

Добивај вести на Viber

Платформата е формирана на 9 мај 2018 година во рамките на проектот на УСАИД, во која се вклучени 4 комори за да се зајакне јавно-приватниот дијалог во процесот на подготовка на донесување закони и други прописи поврзани со работењето на бизнисот.

Харолд Вилсон, британскиот премиер од 70-тите години, ние „коморџиите“ ќе го запаметиме по неговата легендарна изјава во која рекол: „Подобро е Комората да ја имаме како партнер на Владата во конципирањето на законите, отколку како противник во нивната примена“. Но сѐ уште не е роден лидер кој ќе ја каже формулата за тоа, бидејќи јасно е дека тоа танцување меѓу јавниот и приватниот сектор изгледа како еден пар кој повеќе се гази преку чевлите, отколку што танцува. Ако не знаете зашто, тоа е за парите. Прашањето сега е следно: зошто овој принцип не може да функционира како што е запишано. Во светот на ова прашање ќе најдеме илјадници одговори, но ајде ние да ги оставиме компаративните анализи настрана и да видиме како е кај нас. 

Штом УСАИД почувствувал потреба во 2018 година да го стави ова прашање на маса и да помогне во неговото надградување, сигурно имало причина за тоа. И морам да признам дека со нивна поддршка тоа на некој начин и заживеа. Се сеќавам дека кога и Унијата на германските комори за индустрија и трговија (ДИХК) пред 20-ина години започна проект за профункционирање на Асоцијацијата на балканските комори (АБЦ), нѐ натера да сфатиме колку сме далеку на толку близок простор. А тоа го направи на наједноставен начин. На една наша средба ни постави две прашања: колку често се состанувавте пред проектот и како дојдовте на состанокот во Сараево. На првото прашање одговорите беа многу малку или никогаш, а на второто дека во Сараево дојдовме преку Виена и Истанбул. Нивното инсистирање на постоењето на АБЦ нѐ принуди на поблиска соработка, која потоа се надгради со проектот на ЦЕФТА и на Коморскиот инвестициски форум. Така и со Платформата во која се вклучени четирите комори (Стопанската комора на Северна Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ, Стопанската комора на Северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија). Не дека не соработувавме, но Платформата понуди метод на постојана комуникација меѓу коморите, но и на поодговорен однос на Владата, претставена од Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и за инвестиции. Средбите се однапред закажани секој месец, последниот петок, методологијата на работа е однапред утврдена, а резултат на сето тоа е завршување на проектот на УСАИД и продолжување со работа на Платформата како постојана институција во интерес на бизнисот. 

Секогаш си го поставувам прашањето зошто мора некој однадвор постојано да нѐ организира и да нѐ тера на соработка. Во нашиот случај тоа е многу едноставно бидејќи бизнисот е сечиј интерес. Но и во такви услови постои блокада на сфаќањата дека тоа мора да се негува и да се надградува. Затоа го изразувам своето задоволство што во наредниот период ќе претседаваме со оваа платформа и уверувам дека ќе направиме сѐ тоа да биде на највисоко професионално ниво и во интерес на севкупниот бизнис во нашата држава. 

Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Директорот на НИС им се обрати на вработените: Еве што се случува со продажбата на компанијата

Директорот на НИС им се обрати на вработените: Еве што се случува со продажбата на компанијата

ДО КОГА МОЖЕ ДА ИЗДРЖИ СРБИЈА? Вучиќ за ситуацијата со НИС: Сигурен сум дека Русите ќе се договорат

ДО КОГА МОЖЕ ДА ИЗДРЖИ СРБИЈА? Вучиќ за ситуацијата со НИС: Сигурен сум дека Русите ќе се договорат

Планот на Нетфликс да го купи Ворнер Брос. ја фрла театарската индустрија во превирања

Планот на Нетфликс да го купи Ворнер Брос. ја фрла театарската индустрија во превирања

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска