Стопанствениците бараат либерализација на трговската размена и нови пазари за извоз!
Објавено во: Економија 01 Јули, 2013
Настапот на новите пазари е предуслов за раст на извозот, а покрај воспоставената слободна трговија со ЕУ и ЦЕФТА, на земјава и треба натамошната либерализација со приоритет при размената со Русија. Ова денеска го порачаа претставниците на Стопанската комора на Македонија кои посочија дека новите пазари се неопходно бидејќи ММФ за годинава процени пад на економските активности во Европската унија од - 0,3 проценти.
Според Стојмирка Тасевска, од СКМ со негативно корегираните проекции од страна на ММФ, како и постојните ризици од случувањата во еврозоната, на краток рок, не можеме да очекуваме позначајно поместување во побарувачката од ЕУ. Тасевска истакна дека сега за Македонија се клучни четири извозни пазари; ЕУ, за каде се препорачува извозна насоченот и на други пазари, ЦЕФТА, во чии рамки се укажува на потребата за поагресивен настап и на пазарите во Босна и Херцеговина, особено по ослободувањето на дел од пазарот на земјоделско-прехранбени производи за извоз од Хрватска, како и пазарот на земјите на Заедницата на Независни Држави (Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Грузија, Казахстан, Киргистан, Молдавија, Русија, Таџикистан, Украина, Узбекистан и Туркменистан), но и Блискиот и Среден Исток, земјите од Заливот и Северна Африка.
И анкетата која ја спроведува Комората кај извозните компании, за во мај покажала дека за настап на новите пазари има големи проблеми како високите царини, сиромашна билатерална регулаторна рамка, слабата мрежа на дипломатско конзуларни претставништва во најголемиот дел од тие земји, невоспоставена царинска и инспекциска соработка, како и многу транспортни проблеми.
„Препораката е што поскоро да се направат приоритети и што поскоро да склучиме билатерални договори за преференцијална трговија со Египет, Мароко, Тунис и Јордан, како и да се оптвори префернцијална трговија со Ирак и Либија“, речеЉубица Нури, советник во Комората која додаде дека треба да се искористат можностите и во контекс на конкуренцијата во земјите во регионот како што се Србија и Хрватска со влезот во ЕУ.
Од Коморатата откриваат дека редовно од Владата се бара склучување билатерални договори со држави од нови пазари, но сметаат и дека е неопходно лобирање и од Владата и од бизнис секторот.