Добивај вести на Viber
Со цел да се олесни транспортот на стоки и услуги, македонските стопанствениции се сретнаа со своите грчки колеги и заеднички ги разгледуваа можностите за унапредување на протокот на стоки на граничните премини. Тие побараа царината на Солунското пристаниште да работи и втора смена, односно да се овозможи 24-часовно царинење на стоките, а целиот процес на на граница да се одвива заеднички на исто место.
Како што посочија македонските претставници, иако Грција е блиску до Македонија транспортот поради бирократијата трае подолго од потребното.
„Од сето ова ќе има позитивни ефекти бидејќи не само што ќе се намалат транспортните трошоци, туку и ќе се зголеми трговската размена“, рече Иван Петровски, претседател на Македонската транспортна асоцијација.