18 Декември, 2025
0.0401

Стотици илјади Португалци на протест, бараат помали даноци и оставка од Владата

Објавено во: Свет 03 Март, 2013 11:43

Добивај вести на Viber

Стотици илјади Португалци излегоа вчера на улиците на Лисабон и во другите градови барајќи крај на мерките за штедење, наметнати од барањата за добивање на меѓународната финансиска помош. тие побараа и оставка на централно-десничарската влада. На митингот кој следи по најголемите зголемување на даноците досега, граѓаните јавно изразија незадоволство против Владините мерки . Над 200 илјади демонстранти во Лисабон го исполнија плоштадот „Praca де Comercio“, каде се наоѓа Министерството за финансии и извикуваа: „Време е Владата да си оди.“ Протестите, кои се совпаѓаат со кварталениот извештај на инспекторите на ЕУ и ММФ, се први големи демонстрации откако Владата минатиот месец објави дека оваа година економска криза ќе биде речиси двојно поголема од претходните предвидувања. Предвидениот пад од 1,9 отсто, уште повеќе ќе ја продлабочи најголемата рецесија во земјата уште од седумдесеттите години на минатиот век, а која веќе ја тресе земјата трета година. Зголемувањето на даноците и кратењата на трошоците се услов за добивање 78 милијарди евра кои треба да помогнат во намалување на потрошувачката и невработеноста која стигна рекордни 17 проценти. Пртотестите во Лисабон, Порто и уште десетина градови беа организирани од страна на група интернет активисти.

Можеби ќе ве интересира

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина