Страната на Мерцедес на Фејсбук проценета на 7 милиони евра
Објавено во: Мои пари 25 Ноември, 2014
Социјалните мрежи се одличен начин компаниите да бидат во контакт со своите потенцијални или моментални клиенти ...
Сепак, тие можат да се користат како алат со кој се заработуваат пари, што можеме да видиме на пример кај германскиот произведувач на автомобили. Мерцедес е еден од најпопуларните произведувачи на автомобили во целиот свет, така да не им е потребна некоја посебна реклама или промоција, но сепак, тие не сакаат да заостанат со својата конкуренција па затоа направиле своја страна на социјалната мрежа Фејсбук. Во јули оваа година, Мерцедес страната на Фејсбук имала 15 милиони „лајкови“, а сега има нешто повеќе од 17 милиони.
Овој податок не е нималку безначаен, со оглед на тоа дека проценетата вредност на оваа Фејсбук страна е 7,2 милиони евра, со што ниеден друг автомобил на произведувачи не може да се пофали. На второ место според ова рангирање се наоѓа страната на Астон Мартин компанијата вредна 3,48 милиони евра, додека третото место го завземал Ленд Ровер со проценета вредност од 2,8 милиони евра.
За да го одбележат овој важен момент и да го прославата својот успех, дизајнерите од Мерцедес бренд со помош на леплива трака на ѕидот креирале многу автентична реплика на нивниот AMG GT модел во размер 1:1.