19 Декември, 2025
0.0482

Странски министри агитираат да гласаме за ВМРО-ДПМНЕ

Објавено во: Македонија 03 Декември, 2016 11:04

Добивај вести на Viber

Петер Сијарто е вториот министер за надворешни работи кој се појави на митинг на владеачката партија.

Сијарто вчера беше во посета на земјава како надворешен министер на Унгарија, а вечерта митингуваше пред Штипјани каде ВМРО-ДПМНЕ имаше митинг.

Тој пред граѓаните на Штип се обрати на македонски јазик, а се заблагодари на поканата на двајцата Николовци (алудирајќи на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и министерот за надворешни работи Никола Поповски).

Рече дека и двајцата биле извонредни политичари, кои правеле се што можеле за Македонија, и дека Македонија со право може да се гордее на нив.

Сијарто посочи дека Унгарија ја смета Македонија за прекрасна земја која заслужува почит, која во изминатите години не добила почит од некои европски политичари.

Сепак унгарскиот министер за надворешни работи рече дека Унгарија смета дека Македонците сами мора да одлучат

Македонците веќе во 4 последователни прилики му дадоа доверба на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ. На демократски избори дадената воља на граѓаните никој нема право да ја доведува во прашање. Ние сметаме дека Груевски и неговите досегашни влади сработија неверојатно голема количина на работа во интерес на европската и евроатлантската интеграција на Македонија. Доколку меѓународните политички одлуки навистина се базираа на заслуги и се донесуваа врз база на здравиот разум Македонија веќе пред години требаше да биде примена во НАТО и одамна требаше да бидат почнати пристапните преговори кон ЕУ. Но, верувам дека сработеното и вложените напори ќе вродат со плод.

Немојте, подвлече тој, да скршнете од патот кон европската интеграција, а за тоа единствена гаранција се Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

„Покажете ја силата на Македонија со тоа што и по 5-ти пат ќе се изјасните дека патот на Македонија европскиот пат. Македонија и лани докажа дека Европа може да смета на неа и покрај притисокот на политиката и западните либерални медиуми, вие со надчовечки напори се зазедовте во интерес на одбраната на Европа од опасниот бран на имигранти. За ова имате голема благодарност. Ве уверувам дека Македонија и во иднина може да смета на поддршката на Унгарија. Искрено се надевам дека утрото на 12 декември ќе можам да ја продолжам работата со моите пријатели двајцата Никола“,  рече тој

Говорот на унгарскиот министер за надворешни работи може да го погледнете тука.


Австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц, пак беше првиот европски претстaвник кој се појави и зборуваше на собирот на владејачката партија Вмро-Дпмне во текот на предизборната кампања за вонредните парламентарни избори (11 декември) во земјата.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки