Добивај вести на Viber
Современиот пазар на вино е презаситен со понуди, а конкуренцијата е жестока. При вакви услови производителите и реализаторите на вино бараат нов пристап за подобрување на својот пазарен статус. Најпопуларен пристап е примена на стратегија на диверзификација.
Во тој контекст може да се разгледува создавањето и развојот на производот “вински туризам“, со цел да се понуди нешто ново на потрошувачите. Промената се остварува во винарските визби, затоа тие треба да ја усогласуваат својата производна дејност со дејности кои не биле активни досега. Врзувачки елемент е виното, кое е производ поврзан со историјата, локалната култура и бит, поради фактот дека неговото производство датира од пред стотици години. Тоа го привлекува вниманието на поширок круг потрошувачи на винскиот туризам и го прави производот атрактивен на пазарот. Задоволувањето на желбите на потрошувачите на тој производ бара од винарските визби да ја организираат својата маркетиншка дејност по систем, кој ја усогласува како производството на вино така и сé останато со него.
Диверзификацијата е процес на ширење на дејности на фирмата преку навлегување на нови пазари. Дејностите со диверзификацијата бараат активно ангажирање на менаџерите на фирмата со нивното истакнување на пазарот.
Како и секоја друга стопанска дејност, и диверзификацијата бара трошоци и носи корист за оној што ја исполнува. Трошоците и користа можат да варираат во зависност од спецификата на секој конкретен случај, но генерално од способноста на менаџментот да балансира, зависи успехот на диверзификацијата.
Во контекст на стратешко управување се јавуваат 4 можни стратегии за развој врз базата на релација
пазар-
производ. Истовременото навлегување на нови пазари и во нови производства се дефинира како стратегија на диверзификација. Постојат четири вида стратегии на диверзификација:
1.Концентрична диверзификација. Компанијата предлага нови производи, кои што имаат техничка или маркетинг сличност со постојните производи, но самите производи го привлекуваат вниманието на различни групи клиенти (потрошувачи). Овој модел е применлив во винарството со производството на други алкохолни или безалкохолни производи.
2.Вертикална диверзификација. Често пати, добавувачите не ги задоволуваат барањата за квалитетот на суровините, и другите потреби . Во тој случај фирмата може да го освои производството или друг начин со кој производителите на вино можат да си обезбедат квалитетна суровина.
3.Хоризонтална диверзификација. Ориентација на фирмата (визбата) да се ориентира кон предлагање на стоки или услуги кои не се поврзани со користење на моменталната технологија, но се купуваат од истите потрошувачи. Таа стратегија може да се примени во стратегија, винарските визби да развиваат туристички услуги.
4.Корпоративна диверзификација. Компанијата може да побара нови бизниси, кои немаат никаква врска со сегашните технологии, производи или пазари на компанијата. Практичното значење овде се состои во намалување на ризикот од тесната специјализација на производството.
Во последните години се повеќе се засилува диверзификацијата на винарниците со развој на туристички услуги, кога на потрошувачите им се предлагаат продукти различни од досегашните. Појавата на новите продукти има за цел да овозможи на потрошувачите побогат престој и исполнување на слободното време. Важно место кај овој сегмент завзема винскиот туризам кој е насочен кон специфичен сегмент од туристичкиот пазар. Примената се извршува од винарските визби, затоа тие мора да ја усогласуваат својата производна дејност со дејности кои досега не биле извршувани од нив. Врзувачки елемент е виното, производ кој во себе носи историја, локална култура и бит, поради фактот дека неговото производство датира од стотици години. Тоа од своја страна го привлекува вниманието на поширок круг од потрoшувачите на винскиот туризам и го прави атрактивен производ за пазарот. Задоволувањето на барањата на потрошувачите на овој производ бара од винарниците да го организираат винскиот туризам усогласен како со производството на вино така и сето останатото поврзано со него.
Винскиот туризам е специфичен производ, кој го усогласува патувањето, чија основна цел е пиење вино, со нешто друго-култура, историја, убава природа и добра кујна. Најчесто сите тие работи одат заедно за да обезбедат уживање во виното. Не е лесно да се допадне или оцени едно вино, ако се друго околу него не е пријатно, убаво, интересно или интригантно. Винскиот туризам става акцент врз тие специфики, затоа и профилот на потрошувачот (клиентот) е специфичен-најчесто тоа се образовани, интелигентни и платежно способни луѓе, кои веќе ги надминале првите животни успеси. Тие луѓе често се обидуваат да го доловат духот на регионот или земјата преку вкусот на локалните вина.
Како резултат на авторски истражувања во земји познати по винопроизводство, може да се препорачаатизвесни маркетинг дејности на винарските визби кај диверзификацијата на нивната дејност.
- Сегментирање на пазарот и понуда на производи сообразно со специфичностите на секој сегмент од поставената цел.
- Предлагање на вина со контролирано име за потеклото.
- Комуникациона политика, базирана на емоционалните користи од консумација на производот, регионот на потекло и реалните карактеристики на производот ја стимулираат побарувачката на вино.
- Винскиот туризам дава можност за постигнување на синергичен ефект од усогласување на неколку вида користи (разновидност на производи, поблизок контакт со клиентите, создавање интерес кон винопроизводство).
Проф. Др. Борис Анакиев
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: