18 Декември, 2025
0.2273

Странските инвеститори во Русија се исплашени – санкциите делуваат

Објавено во: Свет 01 Јуни, 2014 09:29

Добивај вести на Viber

Досегашните санкции на Западот против Русија поради кризата во Украина веќе имаат ефект. Така барем смета еден од економските советници на претседателот Владимир Путин - Андреј Белоусов, кој е и министер за економски развој на Руската Федерација. "Пред сè ние ги чувствуваме т.н. меки санкции, односно забраните или препораките кон компаниите да укинуваат проекти во Русија, како и кон банките да не финансираат вакви проекти", изјави Белоусов во интервју за германскиот Die Welt. "Покрај тоа чувствуваме дека особено меѓу странските компании во Русија се зголемува нервозата", вели тој. На пример некои од вкупно 6000 германски фирми во земјата постојано прашувале дали руската влада нема да им ги забрани активностите. "Кон денешно време можам да кажам дека ние не подготвуваме таква реакција", уверува тој. Заканата од санкции сепак дала повод на Русија да бара "политички и економски поинтензивно нови пазари". Притоа тој го именува регионот на Југоисточна Азија и особено Кина. Во исто време Белоусов предупреди да не се наметнуваат идни економски санкции и се закани со контрамерки пред Светската трговска организација ( СТО) . "Се надевам дека Европејците нема да направат глупост и да воведат дополнителни санкции ". Според него засега Русија сеуште нема причина да се сврти кон СТО. Истовремено Белоусов сигнализира дека новоизбраниот украински претседател Петро Порошенко може да биде разгледуван како партнер и соговорник за Русија. На прашањето дали би можело да се најде заеднички јазик со него, советникот на Путин изјави: "Успеавме понекогаш да комуницираме ". Тој го има предвид времето кога Порошенко бил министер за економија на земјата. "Сметам на тоа дека по изборите Порошенко ќе биде советодавен политичар и човек кој може да зазема балансирани одлуки" , изјави Белоусов. Според него од економска гледна точка анексијата на Крим е поволна за Русија. Населението изнесува над два милиони луѓе, а како дел од Украина, шест милиони луѓе ги користеле услугите на украински претпријатија во Крим. Минатата година локалниот буџетски дефицит изнесува 10 милијарди гривни (околу 625 милиони евра ) со оглед на тоа дека 17-те најголеми даночни обврзници во Крим, кои претставуваат 70 до 80 отсто од даночната основа во Крим, ги платиле даноците во Киев. "Гледаме блескави перспективи за развојот на Крим како економска енклава. Територијата може да генерира додадена вредност", тврди Белоусов. К.К.

Можеби ќе ве интересира

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина