05 Декември, 2025
0.0331

СТРАНСКИТЕ ТРГОВЦИ ЈА ЗЕМАА АЈВАРКАТА: Ќе остане ли Македонија без пиперки за зимница?

Објавено во: Агробизнис 03 Септември, 2015 09:20

Добивај вести на Viber

Бербата на црвената пиперка позната како ајварка е во полн ек, но и годинава првите количини наместо во домашните преработувачки капацитети, завршија кај странските трговци. На терен информациите од бизнисмените од конзервната индустрија околу состојбата со откупот на црвената пиперка се различни. Дел велат дека годинава во соседството родот е помал, па преработувачите на зеленчук од Србија, Бугарија и во Босна се насочени кон увоз од земјава. Стравуваат од ланското сценарио кога домашните фабрики поради напливот од странски трговци, останаа без суровина. Дел од преработувачите не сакаа јавно да зборуваат, но велат дека Владата треба да превземе мерки домашните фабрики да не останат без суровина. -Во моментов можам да кажам дека нема доволно количини. Има многу трговци од Бугарија, кои нудат повисоки цени и првите количини ги земаа тие. Сметам дека Владата треба да донесе времена мерка за забрана за извоз на црвена пиперка во вреќи за првично да може да има суровина за домашните преработувачки капацитети, за да не ни се случи ланската состојба кога останавме без суровина и си го нарушивме имиџот пред странците, вели еден од членовите на Македонската асоцијација на преработувачки на зеленчук и овошје. Дел од бизнисмените велат дека е сеуште рано да се прогнозира каква ќе биде годинава состопјбата, но потврдуваат дека проблемот со неконтролираниот извоз и годинава се случува. -Засега нема некои поголеми проблеми, количините се мали но очекуваме во следниот период да има повеќе кога, кога ќе созрее повеќе род за берба.Проблемот со неконтролираниот извоз не е искоренет и се случува секоја година. Ние немаме некоја политика за заштита на домашната суровина. Не ја исклучувам можноста доколку откупот оди со ова тепмо да ни се повтори ланската состојба кога останавме без суровина.Мислам за за две до три недели ќе се знае подобро состојба, тогаш ќе видиме дали бугарите ќе продолжат од кај нас да земаат суровина или пак ќе се насочат кон Турција која пак има заштитни политики за својата суровина, вели Виктор Петков, сопственик на компанијата “Випро”. Дел пак од преработувачите не гледаат проблем во странските трговци. Сметаат дека доколку нема откупувачи од странство може да се појави проблем со хиперпроизводство. Укажуваат дека во моментов реален проблем е тоа што за разлика од другите години оваа година бербата доцни, што може да влијае врз пролонгирање на производството. Поради лошите климатски услови бербата годинава доцнеше и доколку сезоната не се продолжи може да се појави проблем односно да се пролонгира производството. Не е исто да работите три месеци и два месеци. Сега е рано да се прогнозира како ќе се одвиваат работите, но лично јас сметам дека ќе има доволно суровина, дури се плашам дека може да има и хиперпроизводство. Точно е дека има трговци од Бугарија, но не може да се забрани тоа бидејќи што ќе се случи ако има вишок, ќој ќе го откупува. Нашите потреби се помали од вкупното производство на црвена пиперка, вели Киро Јовев сопственик на ,,АгроКомерц Според информациите од преработувачите, црвената пиперка од прва класа се откупува по околу 22 денари за килограм, а втора класа 20 денари за килограм. Преработувачите велат дека квалитетот на пиперката е просечен. Лошиот имиџ пред странските партнери тешко ќе се поправи Минатата година преработувачите не успеаја во целост да ги исполнат извозните квоти за преработки од зеленчук. Лошите временски услови, неорганизираното земјоделско производство, продажбата на зеленчук и овошје на црно по пазарите на големо, ги остави конзервните фабрики без доволно суровина. Дел од преработувачите ги откажаа нарачките од странските увозници,со што ја нарушија репутацијата на европските пазари. Побараа Владата да им дозволи квоти за увоз на суровина од соседните земји, за да исполнат барем дел од договорените нарачки да ги исполнат. По неколку неделни преговори, Владата донесе мерка за бесцарински увоз на црвена пиперка, но како што тогаш изјавија преработувачите мерката беше задоцнета а штета направена. Уште тогаш предупредија дека последици ќе има, бидејќи Европа не признава несериозност во бизнис зделките. Прашање е дали годинава странските партнери ќе сакаат повторно да соработуваат. Според бизнисмените во услови кога се јавува недостиг од суровина, тогаш треба да се намали царината за увоз на суровина, за да можат да го завршат производството. Според проценките на агробизнисмените вакавата мерка Владата треба да ја воведува секоја година, но таа да почнува 15 –ти Октомври и да трае до почетокот на ноември. -Во моментов немаме залихи, а пазарите се гладни за производ.Имиџот пред странските партнери што лани го нарушивме, тешко ќе го поправиме, ќе треба да помине време. Ако еднаш лошо се етаблирате на пазарот тоа е лошо за компанијата, за земјата. Затоа сметам дека треба да има слободен увоз во тој период кога нас ни е потребна суровина, и да нема протекционистички царини како сега.Царината сега 50 отсто, треба да се намали на 18 отсто тогаш ќе можеме да правиме проекции за производството во услови на недостиг на суровина, а не да бидеме условени само со домашната суровина.А од друга страна имаме странски трговци кои слободно си увезуваат македонска суровина. Македонија стана депо за суровина за земјите на кои има недостасува суровина, вели Петков. Според податоците од МАП извозот во 2014 година пораснал за 3.000 тони или во вредност за 3,1 милион евра. Но ваквиот пораст според преработувачите се должи на количествата на преработки кои биле на залиха од производната 2013-та година.Сега како што велат преработувачите залихи повеќе немаат. Основната суровина на капацитетите за преработка на зеленчук е црвената пиперка. Дополнително, преработувачката индустрија се соочува и со хроничен проблем – неорганизирано производство и непочитување на договореното производство. И двете страни меѓусебно се обвинуваат за непочитување или несклучување на договори. Од Асоцијацијата велат дека поголемите преработувачи си имаат постојани земјоделци со кои склучуваат договори за откуп на суровина. Преработувачката индустрија за овошје и зеленчук е извозно ориентирана гранка од која во Буџетот годишно се инкасираат околу 50 милиони евра. Според проценките на преработувачите со комплетна искористеност на капацитети и политика за заштита на домашната суровина, овој девизен прилив може да изнесува 300 милиони евра. Ј.С

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?