Страшен феномен го „јаде“ Преспанското Езеро
Објавено во: Македонија 10 Септември, 2019
Висината на водостојот на Преспанското Езеро се намалува, потврдуваат од Општина Ресен и велат дека климатските промени си го прават своето, така што езерото се смалува и во обем.
Последните мерења направени кон крајот на август покажуваат дека водостојот е 2.5 метри под нормалното ниво, а за тоа колку е намалено езерото во должина велат дека точен податок немаат. Сепак, потврдуваат дека има сет на мерки, со кои ќе треба да се делува и да се прави контрола на управувањето со водите, со цел да се намалат штетите по езерото.
„Немаме дождови, немаме снег во зима, сушите, климатските промени си го прават своето. Во 2020 година планираме да организираме меѓународна конференција за езерото. Мораме сериозно да размислуваме на оваа тема, затоа што колку ќе е позелена земјата, толку ќе е подобро за нас, а колку ја оставаме земјата гола, ќе биде лошо за нас“, вели Ајман Ал Малла од секторот за животна средина во Општина Ресен.
Со години водата во езерото се повлекува. Водата е повлечена и од плажите во Стење, Отешево, Асамати, Претор, Сливница Крани и Брајчино. Оваа појава ги загрижува мештаните.
„Водата отсекогаш се повлекувала, но последните два – три години има поголемо повлекување, и тоа ќе се одрази на туризмот, затоа што онаму каде се повлекла водата останува тиња“, вели Дарко Ивановски, жител на селото Стење.
Љубица Јовановска, жител на селото Асамати раскажува дека од 1990 година водата во езерото се повлекува, но последните години тој процес се забрзува.
„Последните години тој процес е алармантен, и кога патуваме од Битола, се спуштаме кон Ресен, се гледа како езерото исчезнува, како да го снемува. Ова многу нѐ загрижува сите нас. Има трска во езерото, а риба многу малку оваа година, и претпоставувам дека е резултат на тоа намалување на водата. Туристи нема, замре, единствено во Претор посети на еден или два дена“, објаснува Јовановска.
Дел од жители на Сливница велат дека против природата не можат да се борат, но очекуваат дека откако ќе има дождови, водостојот во езерото ќе се стаблизира.
„Сега водата се повлекува, и тоа е многу очигледно. Но, тоа е поради сушата, а кога ќе имаме дожд и снег, водата ќе се врати во нормала. Туристите коментираат дека водата е повлечена, но имаат разбирање дека ние за таквата состојба не сме виновни“, вели жена од Сливница.
Матеј Гогоски, претседател на еколошкото друштво „Енхалон“ од Струга, вели дека човечкиот фактор може да се бори против оваа појава со регулација на водата, но тоа би се применило на Охридското, а за Преспанското езеро кое понира, таква опција нема. Сепак, вели дека ниту едно езеро не е поштедено, и секаде може да се случи да се намалува водостојот поради климатските промени.
УНЕСКО во 2014 година, го прогласи регионот „Охрид - Преспа“ за 14-ти Биосферен резерват во светот, кој ги опфаќа сливните подрачја на Охридското и Преспанското Езеро, кои имаат површина од 446.244 хектари.
Сања Атанасовска* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.