21 Ноември, 2024
0.0487

Стратешки амбиции на Групација Триглав до 2030-та година и план за 2025-та година.

Објавено во: Мои пари 21 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Групацијата го усвои планот за 2025-та година и ја надгради стратегијата до 2030-та година за понатамошно профитабилно, безбедно и одржливо работење. Во 2025-та  година предвидува дека со редовно работење ќе оствари деловен резултат пред оданочување меѓу 130 и 150 милиони евра (нето деловен резултат меѓу 100 и 120 милиони евра). Нејзината стратешка амбиција е до 2030-та година да го удвои резултатот на износ меѓу 250 и 300 милиони евра. Групацијата ја одржува финансиската стабилност и капитализација во рамките на целниот опсег и се стреми да биде стабилна, сигурна и профитабилна инвестиција за инвеститорите.

Групацијата Триглав ја надгради својата стратегија до 2030-та година, а во нејзиното спроведување ќе ја следи својата мисија Градиме побезбедна иднина. Групацијата, во согласно со нејзината визија, ја зголемува видливостa како меѓународна осигурителна и финансиска групација.

Претседателот на управен одбор на Заваровалница Триглав, Андреј Слапар, ги сумираше главните точки од стратешките амбиции на Групацијата Триглав: „Во 2030-та година сакаме да постигнеме деловен резултат пред оданочување меѓу 250 и 300 милиони евра, што е двојно повеќе од планираното резултат во 2025-та година. Сакаме да останеме профитабилна, стабилна и сигурна инвестиција за инвеститорите, поради што си поставивме високи амбиции, како во однос на идните резултати, така и во однос на растот на обемот на бизнисот и нашата позиција на пазарите. Ние сме меѓународна осигурителна и финансиска групација, а нашата водечка позиција на пазарот во регионот ни овозможува да ги искористиме ефектите од економиите на обем и да постигнеме ефикасност на процесите. Тоа дополнително ќе го интензивираме. Ќе бидеме профитабилни во работењето, за што ќе придонесат поедноставувањето, централизацијата, дигитализацијата и вклучувањето на современи технологии во нашите процеси. Клиентите и нивните потреби остануваат во центарот на нашите активности. Сакаме да им понудиме иновативни решенија за осигурување и инвестиции на достапен начин. И конечно, ќе се стремиме да ја одржиме нашата организација агилна и ефикасна во прилагодувањето на предизвиците и промените во околината. Убедени сме дека испреплетувањето на традицијата со новите технологии, нашите мотивирани вработени и финансиската сила на Групацијата се вистинската основа за исполнување на нашите ветувања кон сите засегнати страни“.

Групацијата Триглав останува фокусирана на профитабилно, безбедно и одржливо работење. Во 2025-та година планира деловен резултат пред оданочување меѓу 130 и 150 милиони евра (нето деловен резултат помеѓу 100 и 120 милиони евра). Нејзината стратешка амбиција е во 2030-та година деловниот резултат пред оданочување да изнесува меѓу 250 и 300 милиони евра.

Групацијата ќе се залага за високо ниво на профитабилност на осигурителниот дел од бизнисот. Нејзината амбиција е комбинираниот количник на сегментите Имот и Здравје во 2025-та година и во стратешкиот период да биде под 95 проценти.

Групацијата ја зголемува својата видливост како меѓународна осигурителна и финансиска групација, што е и нејзина визија. Задржувајќи ја водечката пазарна позиција во Словенија и во регионот Адриа, ќе се стреми да ја подобри својата позиција на поединечни постојни пазари, додека на меѓународните пазари ќе ги искористи можностите за раст преку активности за реосигурување и употреба на нови деловни модели.

Групацијата Триглав ќе го зајакне обемот на своето работење, а во исто време ќе се грижи за својата диверзификација од географска и производно-услужна гледна точка и ќе го зајакне својот удел на пазарите надвор од Словенија. Се очекува дека вкупниот деловен обем во 2025-та година ќе биде повеќе од 1,8 милијарди евра, додека Групацијата има амбиција во 2030-та година обемот да биде помеѓу 2,5 и 3,0 милијарди евра. Групацијата сака да ги зајакне средствата под управување и нејзината амбиција е да надмине 10 милијарди евра во 2030-та година. Групацијата ќе го надополни амбициозно планираниот органски раст со активности за преземање, доколку има соодветни можности за нив.

Амбицијата на Групацијата е во периодот од 2025 до 2030 година, во согласност со политиката за дивиденди, на акционерите да им исплати околу 400 милиони евра дивиденда, притоа задржувајќи ја целната адекватност на капиталот и соодветните услови за нејзин раст и развој.

Триглав сака да остане осигурителна и финансиска групација, која што е оценета со висок кредитен рејтинг „А“, што е потврда за доверливо управување со ризикот и со адекватноста на капиталот. Групацијата има амбиција нето повратот на капиталот (ROE) во 2030-та година да биде помеѓу 12 и 13 проценти.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Трета T Business конференција на Македонски Телеком

Трета T Business конференција на Македонски Телеком

ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ триумфира со наградата за најдобра Cloud трансформација на самитот FUTURE OF AI & CLOUD 2024

ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ триумфира со наградата за најдобра Cloud трансформација на самитот FUTURE OF AI & CLOUD 2024

Промоција на „Градоначалник“ од Илина Мангова - првата книга од новата едиција за деца „Големи зборови за мали уши“

Промоција на „Градоначалник“ од Илина Мангова - првата книга од новата едиција за деца „Големи зборови за мали уши“

Отворена новата MAX&Co. продавница во Ramstore Mall!

Отворена новата MAX&Co. продавница во Ramstore Mall!

Софистицираниот стил на ASPESI ексклузивно во 52 Concept Store, Рамстор мол

Софистицираниот стил на ASPESI ексклузивно во 52 Concept Store, Рамстор мол

Комерцијална банка со 2.000.000 денари го награди успехот на фудбалерите во Лигата на нации

Комерцијална банка со 2.000.000 денари го награди успехот на фудбалерите во Лигата на нации

Претставена колекцијата ДУМА на Сташа Божиновска – накит што зборува кога зборовите ќе замолчат

Претставена колекцијата ДУМА на Сташа Божиновска – накит што зборува кога зборовите ќе замолчат

На крајот од третиот квартал Групација Триглав ја потврди подобрената прогноза за годишниот деловен резултат за 2024 година.

На крајот од третиот квартал Групација Триглав ја потврди подобрената прогноза за годишниот деловен резултат за 2024 година.

Mentor Awards 2023 - Избор на најдобар ментор во рамките на Европската недела на претприемништво

Mentor Awards 2023 - Избор на најдобар ментор во рамките на Европската недела на претприемништво