Претставена колекцијата ДУМА на Сташа Божиновска – накит што зборува кога зборовите ќе замолчат
Објавено во: Мои пари 21 Ноември, 2024
Во време кога дигиталниот свет ги потиснува традициите, а заборавот станува наша секојдневна реалност, македонскиот јазик добива нова форма на изразување преку уникатната колекција накит на Сташа Божиновска – ДУМА. Оваа колекција, создадена како дел од проектот „Азбучен споменар“, ги оживува архаизмите – подзаборавените македонски зборови – претворајќи ги во современа уметност.
„ДУМА е посвета на македонскиот збор – неговата сила, убавина и значење. Оваа колекција не е само накит, туку чувар на нашите зборови кои со тек на времето се изгубиле од секојдневието и под влијание на модерното време, но сепак остануваат дел од нашиот културен код,“ изјави авторката Сташа Божиновска.
Секое парче од колекцијата ДУМА е резултат на внимателно избирање зборови и нивно претворање во приказни и дизајни кои ја носат нивната суштина. Зборови како Абер, Бакнеж, Веда, Дар, Залез, Ѕуница, Копнеж, Преобразба, Роса, Струна и Џагор се оживеани преку процес што комбинира традиционални техники и современи технологии, создавајќи уникатни парчиња од сребро со делумно позлатени акценти.
Круна на проектот беше изложбата во Утопија - Битола, каде беа презентирани сите изработени парчиња накит, и постери со приказните за зборовите и процесот на изработка. Настанот имаше интерактивен аспект – гостите имаа можност да предлагаат нови зборови, како што се старински и архаични изрази, од кои Божиновска ќе се инспирира и ќе креира нови дизајни....
Ова е почеток на „мојата азбука“, проектот ќе биде завршен кога ќе изработам накит за сите букви во азбуката - изјави авторката Сташа Божиновска.
Колекцијата ДУМА на Сташа Божиновска не е само накит, туку е еден вид на мост меѓу минатотои иднината – современ чувар на подзаборавените зборови, кои и денес ни зборуваат за тоа кои сме.
Целата приказна за ДУМА можете да ја „прочитате“ на www.stasha.com.mk а со пополнување на формата на линкот може секој да даде свој придонес во развојот на оваа колекција:
Проектот „Азбучен споменар“ е поддржан од Министерство за култура и туризам.
*Пр објава
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.