04 Декември, 2024
0.0758

Стратешки насоки за развој на македонското земјоделство

Објавено во: Агробизнис, Колумни 22 Август, 2017

Добивај вести на Viber

 Пишува Проф.Д-р. Борис Анакиев

                                                      ПРВ ДЕЛ

Развивањето на одржливо земјоделство, бара спроведување на оправдани од гледна точка целите и доследна во однос на мерките долгорочна секторска политика на развој. Се разбира нема вечна стратешка политика, бидејќи треба да биде своевремено актуелна согласно променетите услови и можности за нивното поместување, но да има релативно стабилен карактер, кој дозволува последователни дејствија за подолг период од време.

  За искористување на откриените можности поврзани со пораст на побарувачката на храна, како и интеграција во европското земјоделство, Македонското земјоделство треба да ги искористи своите јаки (силните) страни, а истовремено да ги надминува своите слабости, како и да ги неутрализира претпоставените опасности. Постигнувањето на формулираната цел, бара да се пресретнат   идентификуваните потреби на развој, што покажува во нај општ план, реализација на потенцијалот на Македонското земјоделство и прехрамбената индустрија преку градење на  животоспособни одржливи земјоделски стопанства, интензивен и ефективен трансфер на знаења и иновации, како и потполно  но одржливо користење на производните фактори, земја, труд и капитал и производство на квалитетни производи со високо додадена вредност.

  Стретешките приоритети за развој  можат да се обединат во пет групи - развој на земјоделските стопанства; трансфер на знаења и иновации; одржливо управување на природните ресурси; интегрирање на земјоделските производители во прехрамбен синџир; промовирање на производот со високо додадена вредност во прехрамбената индустрија.

  Со таканаречената “ Свот “ анализа можеме да ги идентификуваме најважните внатрешни (јаки и слаби страни) и надворешните (можности и  опасности) фактори кои ги дефинираат сегашната и идната состојба на објектот како  претпоставка за создавање на стратегија за постигнување на одредена цел.

   Силни (јаки)  и слаби страни, можности и опасности пред македонското

   земјоделство  

  Како најпогодни услови кои ја дефинираат можноста за одржлив развој на македонското земјоделство  се:

-релативно погодни почвени и климатски услови за производство на широк  асортиман на земјоделски производи,

-добра предност во производството на зеленчук, повеќе видови овошје, индустриски култури, лозарство и овоштарство,

-релативно  чиста (  незагадена  ) земјоделска површина;

-кај селското население и воопшто во земјата постои опитност  и традиција во земјоделското производство;

-квалификуван и образовен кадар за земјоделско производство;

-производство на специјални  производи со локални карактеристики;

-кај некои производи користењето на земјата може да обезбедува економија на големи размери;

-природната средина е со висока вредност во селските реони;

-изградена образовна и советодавна мрежа;  ,

Анализата со која се дефинираат добрите (силните) страни на македонското земјоделство, се откриваат и слабите точки (страни) ко се и повеќе на број. Најважните слаби страни се:

-низок стапен на користење на призводните фактори во земјоделството – земја, труд и капитал, поради технолошки, менаџерски и пазарни слабости;

-енормна уситнетост на користените површини за земјоделско производство;

-недоволна искористеност и лошо менаџирање на системоите за наводнување;

-отежнат пристап до пазарот поради неразвиена производна и пазарна  инфраструктура -  откупни  пунктови, складишта, магацини и др;

-недостиг на пазарот на дефинирана гама  производи , особено  преработени со специфични национални квалитетни карактеристики;

-преовладуваат во извозот непреработени производи со мала  додадена вредност;

-недостасува диверзификација на економската активност во земјоделските стопанства;

-недоволна врска на производителите со пазарот поради слабо развиени локални пазари и директна продажба;

-неспостобност на производителите да одговорат на барањата на  трговските ланци  за количини и квалитет на производите.

  Големиот  број на слабости во македонското земјоделство можат до голем степен да се ублажи со релативно добри можности кои во иднина треба да се користат како што се:

-се очекуваат подобри цени поради перманентниот  пораст на побарувачката на храна и земјоделски суровини;

-расте побарувачката на производи со гарантиран квалитет и потекло;

-расте побарувачката на органски земјоделски производи;

-стабилизирање на земјоделските стопанства и консолидација на земјоделската површина;

-полесен пристап до постојни и нови знаења и технологии   во очекување на преговори со ЕУ;

-развој на научно-истражувачките институции и истражувања и на   информатички  и калкулативни технологии;

-нов пристап кон мултифункционалната улога на земјоделството и доставување на општествени услуги вклучително и сврзаните со климатските промени;

-пораст на значењето на развој на традиционални производи.

  Обидот да се  откријат и да се предупредат опасностите треба да има позитивно влијание на идниот развој, а опасностите се воглавно следните :

-големиот број имаат ситни земјоделски стопанства има сосема слаби можности за модернизација и пристап до пазарот;

-бавен од на структурни промени  поради недефиниран пазар на земјоделското земјиште;

-губиток на стручна (квалификувана) работна сила поради ниско плаќање   на трудот и услови за живот во руралените реони;

-штетно влијание на климатските промени и неспособност на секторот да ги ублажи последиците;

-отсуство на целна поддршка на долгорочни инвестиции за модернизација и градење на ладилници, хидромелиорации, развој на сточарството и др;

-неспособноста на агрокомплексот да се прилагоди кон процесот на глобализација;

-пораст на притисоците врз природните ресурси и загуби на земјоделски површини.

                                                  -   продолжува  -


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.