06 Октомври, 2024
0.0328

Стратешко партнерство помеѓу Шпаркасе Банка Македонија, С Лизинг, Винер Осигурување и Винер Лајф Oсигурување

Објавено во: Економија 09 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Шпаркасе Банка Македонија со нејзината подружница С Лизинг денес објавија стратешко партнерство со Винер Осигурување и Винер Лајф Осигурување. Ова партнерство ќе придонесе Шпаркасе Банка Македонија да се претвори во „финансиски супермаркет“, каде што граѓаните и компаниите ќе можат на едно место да ги добијат сите услуги од банкарското работење, лизингот и осигурувањето. Новите производи што ќе се пласираат од овие четири финансиски институции ќе се лансираат под GO4 платформата.

PFZ_9496

Партнерството што постои помеѓу Винер и Штаермеркише Шпаркасе, како дел од Ерсте Групацијата на глобално ниво, денес го промовираме во Република Македонија. Со ова партнерство на економските субјекти во Република Македонија, сакаме на ефикасен и брз начин да им ги понудиме сите финансиски услуги во рамките на мрежата на Шпаркасе Банка Македонија. Со тоа клиентите на Банката ќе заштедат време, ќе добијат најкорисен совет и најдобра комбинација на финансиски производи, што ним најмногу ќе им одговара“ – изјави г-дин Глигор Бишев, Претседател на Управниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија.

Сите наши заложби досега се базираа на безбедување супериорна услуга и дополнителна вредност од нашето работење која ќе ја пренесеме директно на клиентите. Овој пат одиме чекор понапред, здружувајќи ги капацитетите со нашиот долгогодишен партнер ШпаркасеБанка, со цел на нашите клиенти да им понудиме врвна услуга во рамки на целиот спектар финансиски услуги кои ги користат. Воедно,ова наше стратешко партнерство на граѓаните ќе им обезбеди максимална стабилност и доверба при вложувањето на нивните средства, што е од огромно значење денес“ –изјави по повод објавувањето на соработката Генералниот Директор на Винер Осигурување, г-дин Зоран Нарашанов.

PFZ_9523

Првиот производ кој се промовира во рамките на GO4 платформата е GO4 лизинг пакетот,вклучувајќи низа поволности за сите заинтересирани клиенти. Пакетот претставува комбинација на поволна лизинг понуда сокаматна стапка од 6,75%, рок на отплата до 5 години, финансиран износ без ограничување и поволно каско осигурување и осигурување од авто одговорност. Дополнително, корисниците на GO4 лизинг пакетот ќе можат да користат трансакциска сметка во Шпаркасе Банка Македонија и кредитна картичка со минимална камата од 6% во првите 12 месеци со дозволен лимит за пречекорување до 4 плати и можност за животно осигурување со најповолни услови на пазарот преку Винер Лајф Осигурување.

Лидерите се препознаваат по иновативните и напредните идеи и храброста да внесуваат промени во сегментот во кој делуваат. Наша главна цел и определба е да им служиме на клиентите во насока да бидеме „Банка на вашето семејство“, а воедно и да внесеме свежина и нови можности на финансискиот пазар во Македонија, што за корисниците ќе значи поедноставен пристап до повеќе услуги. Посветено работевме на оваа наша цел и задоволна сум што најдовме партнери кои размислуваа во иста насока. Убедена сум дека корисниците ќе ја препознаат можноста на новата GO4 платформа, со која започнува една нова развојна етапа на пазарот“,  истакна  Викторија Јовановска,  Директор на Сектор Управување со физички лица во Шпаркасе Банка Македонија.

Во рамките на GO4 лизинг пакетот корисниците добиваат можност за финансирање и на возила со поголем износ, како и набавка на потребниот возен парк за малите и средни компании, бидејќи понудата на GO4 лизинг пакетот се однесува и на физичките и на правните лица, вклучувајќи ги и корпоративните клиенти на Шпаркасе Банка, што за нив ќе биде дополнителна предност.

Новиот GO4 лизинг пакет, за заинтересираните правни и физички лица ќе биде достапен во сите експозитури на Шаркасе Банка Македонија, С Лизинг и Винер Осигурување. Во рамките на стратешкото партнерство помеѓу Шаркасе Банка Македонија,С Лизинг, Винер Осигурување и Винер Лајф Осигурувањево иднина ќе се работи на креирањенови пакети што ќе содржат интегрирани услуги од банкарскиот, финансискиот и лизинг сегментот, согласно потребите на пазарот.

Можеби ќе ве интересира

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта