18 Декември, 2025
0.0437

СТРАВ ОД ЏИХАДИСТИТЕ: Австрија менува закон стар еден век!

Објавено во: Свет 03 Октомври, 2014 21:22

Добивај вести на Viber

Новиот закон за исламски организации во Австрија ќе им забрани на муслиманските организации во оваа земја да примаат парични средства од странство. Ова директно ќе ги погоди имамите кои работат во Австрија, а кои голем дел ги финансира Турција. Амандманот на законот е насочен кон ограничување на моќта на „надворешното влијание“, истакна австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц. Австрија има 300 имами, од кои 65 директно ги финансира Турција. Со измена на законот, тие практично ќе станат илегалци во нивната работа. Измените ќе ги принудат муслиманските организации барем еден од предметите во верските училишта да го предаваат на германски јазик. Религиските заедници кои Австрија ги признава, по измените ќе мора да достават копија од единствена доктрина и извор на верата, значи Куранот, на германски јазик до австриските власти. Нацрт-законот наскоро влегува во расправа, а се очекува да стапи на сила од почетокот на 2015 година. Австрискиот Закон за исламот досега се сметаше за симбол на толеранција, а донесен е уште во далечната 1912 година.  

Можеби ќе ве интересира

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина