24 Ноември, 2024
0.0299

СТРАВ ОД КОРОНА: Жителите на Липково избегнуваат да патуваат во Куманово, дезинфицирани џамии, улици, објекти

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 08 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Граѓаните на Општина Липково избегнуваат да патуваат во Куманово, исплашени од брзото ширење на коронавирусот.

Од Општината Липково велат дека се преземени мерки за заштита, дезинфицирани се објекти, улици, како и повеќе од 20 џамии на територија на општината. Се делат и пакети за оние граѓани кои се социјално загрозени, со цел полесно да го поминат овој период.

„Во Општината се примаат странки само доколку е итно. Паника има кај населението, затоа што оваа пандемија го зафати светот и се очекува кон крајот на април да го достигне врвот кај нас. Има луѓе кои патувале како туристи во странство, и откако се вратија беа во самоизолација, додека оние кои работат во странство се останати во другите земји. Луѓето не сакаат да патуваат во Куманово, избегнуваат да одат во градот затоа што има заразени. Нашето население патува со такси превозници, така што луѓето раскажуваат дека со часови чекаат да се соберат патници и да си дојдат дома. Куманово има голем број заболени, дури повеќе и од Скопје ако се земе в предвид бројот на жители“, вели Башким Адеми, раководител на секторот за поддршка на градоначалникот, советот и човечки ресурси во општината. 

Мештаните ги плаши и фактот што во кумановската болница се заразија здравствени работници.

Потврдени случаи има и во Липково, но сепак Куманово е сериозно жариште.

Во земјава има скоро 600 заразени со Ковид 19.

На 18 март беше прогласена вонредна состојба во Македонија, а од денес има и продолжен полициски час.

Оваа година за верските празници, граѓаните ќе треба да се откажат од посета на верски објекти и одење на гости.

Се ограничува движењето на младите до 18 години и на постарите над 65 години, со цел да се спречи пренос на вирусот.

Сања Атанасовска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ШИЛЕГОВ СПОДЕЛИ РАДОСНА СЕМЕЈНА ВЕСТ: Тој е горд татко на дипломката Симона Шилегова

ШИЛЕГОВ СПОДЕЛИ РАДОСНА СЕМЕЈНА ВЕСТ: Тој е горд татко на дипломката Симона Шилегова

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип