СТРАВ ОД КОРОНАВИРУС: Од Скопје заминале во викендички во Винце
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 28 Март, 2020 06:37
Триесетина жители на главниот град исплашени од ширењето на коронавирусот, заминале во своите куќи и викендички во кумановското село Винце, кое има педесетина жители.
Во период, додека не одат на работа, а децата не посетуваат настава, овие луѓе процениле дека ќе бидат побезбедни во ова мало село. Ги има од сите возрасти, а со себе ги земале и децата. Престојуваат во куќите кои им ги оставиле родителите, бабите, дедовците.
„Во селото се вратија триесетина луѓе кои живеат во Скопје, и мал дел во Куманово, затоа што сметаат дека се безбедни, и додека трае епидемијата нема да се мешаат со други луѓе. Селото има вода, а продавница има на 3 километри оттука во соседното Којнаре, но тие сепак доаѓаат со залихи од храна барем за една недела. Има и постари луѓе, пензионери кои се дојдени со внуците, деца на школска возраст. Таман периодов ќе им дојде како одмор. Мештаните се информирани за коронавирусот, сите следат што се случува, гледаат телевизија, но не се плашат, затоа што во селото нема заразени“, вели претседателот на месната заедница во селото, Аце Гигевски.
Горан Наумовски, кој потекува од ова село раскажува дека иако селото е иселено, сепак последните години има тренд на градење на нови куќи и викендички. Додава дека во селото има група на луѓе која е вратена токму поради ширењето на опасниот вирус.
„Слушам и детски џагор, а има и постари луѓе кои не си одат дома, постојано се во селото. Местото е изолирано, и нема никаков надворешен контакт, така што првиот контакт да се измешате со луѓе е на бензинска пумпа на 4 километри оттука. Има група на луѓе од сите возраст кои се вратени во селото токму поради состојбата со вирусот. Има чист воздух, убава природа. Мојата сопруга е на работа, инаку и јас би отишол таму“, раскажува Наумовски.
Бројот на заразени од Ковид 19 во земјава расте. .
Македонија е во вонредна состојба, додека Дебар и Центар Жупа се во кризна состојба, а градскиот и меѓуградскиот превоз во Куманово е прекинат, со што градот е изолиран. Надлежните преземаат мерки за да се спречи ширењето на вирусот.
Сања Атанасовскафото Википедија
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите
САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез
„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот





