14 Мај, 2024
0.0273

Страв од поскапувања во Летонија по воведувањето на еврото

Објавено во: Свет 03 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Воведувањето на еврото во Летонија е пропратено со недоверба и во другите земји од еврозоната, но и во самата Летонија. Бидејќи, само една петина од ѓителите на оваа земја поддржуваат воведување на еврото. За што тогаш одрекување од сопствените „лати“? По финансиската криза и случувањата во многу земји од еврозоната, каде што се покажа дека тамошните финансии ни оддалеку не се така солидни како што се чинеше, се подлабока е недовербата кон секоја наредна земја која пристапува во еврозоната. Летонија е четврта земја од поранешниот социјалистички блок која воведува заедничка валута со ЕУ и се чини дека, слично како и во Естонија, голема улога имала политичката, а не еконосмката одлука. А таа политичка одлука е многу едноставна: што подалеку од Русија и заедничкото советско минато со големиот и моќен источен сосед. Новата членка на еврозоната нема силна економија И Летонија извезува, но тоа се производи кои многу ретко можете да ги најдете на рафтовите во продавниците. Тоа се пред се дрво и дрвена граѓа, но свои производи извезува и летонската рударска индустрија, пред се производи од челик, иако ниту производите од хемиската, прехранбената и текстилната индустрија не се за занемарување. Сепак, најважниот трговски партнер на оваа земја и понатаму е Русија, а потоа и скандинавските земји - околу осум отсто од производите се извезуваат во Германија. Летонија заработува и од својата географска положба, бидејќи тамошното пристаниште, пред се тоа во Рига и понатаму служи за транспорт на роба од Русија. Меѓутоа, се тоа е сразмерно скромно: извозот во 2011 беше на ниво од околу 8,5 милијарди евра, а увозот 10,8 милијради. Не е пријатно да се рече, првиот ден од 2014 година, да исчезне највредната валута на Европа. Еден летонски лат вредеше дури едно евро и 40 центи - и ов моментов само три валути во целиот свет имаат поголема вредност од летонската. Тоа донекаде е и резултат на бизарните пресметки кога Летонија се збогуваше од Советскиот сојуз и каде во 1993 година, одреден курс од 200 (тогаш веќе привремени летонски) рубљи за еден лат. Причина за така високиот курс беше желбата, и за најмал апоен, монета од еден сантиметар, да се купи нешто. А кутија кибрит тогаш чинеше две летонски рубљи. Дали тоа е воопшто добра идеја? Владата во Рига се надева дека од прифаќањето ан еврото како национална валута ќе имаат корист од нови инвестиции во земјата. За жал, минатите неколку години, списокот на земји од Европската унија кои се надеваат на некакви инвестиции, стана прилично долг. Летонија најверојатно нема да може да ги израдува тамошните граќани ниту со зголемување на платите. Истовремено, поголемиот дел од економскиот потенцијал на оваа земја е групиран во самата метропола, што се одразува на примањата на граѓаните во руралните средини. Граѓаните на Летонија се плашат како со доаѓањето на еврото, ќе скокнат цените, односно, паралелно во сиромашната земја сега ќе вредат истите економски правила како и во Минхен, Милано или Париз. Извор: Дојче веле

Можеби ќе ве интересира

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

Украина призна тактички успех на Русија во регионот Харков

Украина призна тактички успех на Русија во регионот Харков

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!